Испакнати вени на рацете, отечено лице – фановите загрижени за неуспешните обиди на Мадона (63) да изгледа како 20-годишна девојка
- Детали
- среда, 06 април 2022
Веќе извесен период јавноста смета дека Мадона оди предалеку со корекциите на лицето и телото обидувајќи се да го задржи младешкиот изглед. Сепак, иако на Инстаграм изгледа како млада девојка благодарение на Фотошоп, папарацо фотките покажуваат дека тоа е далеку од реалноста.
Дури и најголемите фанови на Мадона сметаат дека пејачката веќе претерува со корекциите на лицето додека се обидува да остане „вечно млада“. Истовремено, 63-годишната пејачка често е на мета на критики поради фотошопираните фотки на кои не ни личи на себе.
Во нејзиното најново музичко видео објавено на крајот од март, Мадона изгледа и како 20-годишна девојка, па беше критикувана и за тоа.
Сепак, фановите беа можеби најмногу загрижени од ТикТок видеото што пејачката го објави непосредно пред доделувањето на Греми наградите.
Видеото трае 10-тина секунди и се гледа само лицето на Мадона. И покрај возраста, пејачката нема ниту една брчка и изгледа како потполно друга личност.
@madonna
-->♬ original sound - madonna
Покрај нејзиниот изглед, фановите се загрижени и за бизарната содржина на видеото.
„Ја сакам Мадона целиот живот, огромен фан сум… но, ова е премногу. Што си направила?“
„Искрено, ова ме исплаши. Во сеќавање ќе ми остане само колку прекрасна беше во 90-тите. Тогаш беше икона“.
„Одлично! Сега како да ги затворам очите и да заспијам?“
„Те молам побарај помош!“
Кога станува збор за објавите на Инстаграм, добро познат факт е дека Мадона користи многу Фотошоп, а еднаш отиде дотаму што си го фотошопираше лицето на сосема друго тело.
Пред околу една година, девојка по име Амелија сподели видео на ТикТок со опис:
„Кога Мадона си го фотошопира лицето на твоето тело (никогаш не мислев дека ќе ја изговорам оваа реченица)“.
Во видеото девојката открива дека на фотографијата навистина е нејзиното тело, а Мадона само ја „залепила“ нејзината глава на неа.
Откако видеото стана вирално, Мадона не ја ни избриша фотографијата.
@ameliamgoldie When Madonna photoshops her face onto your body (never thought that’d be a sentence I’d say) #ohno #madonna ♬ Oh No - Kreepa
Уште побизарно е што Мадона има споделено заедничка фотографија со ќерка ѝ Лурдес која всушност е фотошопирана.
Неколку денови пред да ја објави фотографијата со Лурдес, Мадона сподели друга фотка на која позира пред уметничко дело.
Потоа само ја искористила таа фотографија и се „залепила“ на фотографијата од Лурдес. Но, и фотката на Лурдес е исечена од сосема друга фотосесија.
Она што ги „мачи“ фановите е фактот дека во реалноста, Мадона сепак изгледа како 60-годишна жена, па не им е јасно зошто „продава“ лаги на Инстаграм.
Изминатиов период пејачката неколкупати е уловена во јавност каде што изгледа потполно поразлично.
На пример, на најновите фотки (од март 2022) со нејзиниот син Роко, не може да поминат незабележано нејзиното отечено лице, како и нејзините дланки со испакнати вени – нешто што е сосема нормално на нејзина возраст.
Кон крајот на минатата година, се појавија фотки од Мадона за време на настап каде што е повеќе од очигледно дека има и понекоја брчка.
Од истиот настан, пејачката сподели фотографии на кои повторно изгледа како 20-годишна девојка.
Спирова С. | Црнобело