Ќерка ѝ на Мадона речиси гола во мрежест комбинезон на Модната недела во Париз: „Изгледа евтино и вулгарно“
- Детали
- среда, 29 јануари 2025
„Во споредба со неа, и сопругата на Канје има подобар стил“, е еден од многуте коментари што го критикуваат модниот избор на Лурдес за ревија на Модната недела во Париз.
Ќерката на Мадона, Лурдес Леон, се прослави благодарение на мајка ѝ, но и разголените изданија.
28-годишната танчарка и пејачка не ја испушта можноста да покаже повеќе кожа, особено на важни настани.
И, доста често се соочува со критики поради модниот избор.
Последно, Лурдес присуствуваше на ревија на Модната недела во Париз каде се појави во уште едно разголено издание.
Таа носеше проѕирен, мрежест комбинезон, а под него имаше црни гаќи, но не и градник.
Комбинацијата ја дополни со долг кожен мантил и црни сандали.
Иако гордо позираше во бизарниот аутфит, во еден миг сепак си ги покри градите со раката.
Меѓу гостите на ревијата беше и ќерката на Лени Кравиц – Зои – која делуваше дури и прескромно во споредба со Лурдес.
Како и обично, Лурдес се соочи главно со критики за аутфитот што го избрала за ревијата.
Некои прават споредби и со мајка ѝ Мадона, која во последно време привлекува повеќе внимание со провокативните изданија (и фотки), отколку со нејзината музика.
„Изгледа ’евтино‘, но веројатно немала избор штом мајка ѝ е Мадона“.
„Со вулгарните комбинации изгледа како само да сака да привлече внимание“.
„Едвај чекам на славните да им здодее да излегуваат голи. Зарем не се свесни дека овие фотографии ќе постојат и по 10, 20 години?“
„Каква мајка, таква ќерка“.
„Не сфаќам како ова не е нелегално“.
„Во споредба со неа, сопругата на Канје има подобар стил“.
„Можеби сум старомодна, но не ми е јасно што е модерно во грд проѕирен комбинезон“.
Спирова С. | Црнобело