Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот циркус“
- Детали
- петок, 14 февруари 2025
По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бјанка одлучила дека мора да го остави Канје. Веста ја потврдија неколку извори за разни американски медиуми, иако портпаролот на парот засега тврди дека ова не е точно.
Две недели по контроверзното појавување на доделувањето на Греми нагрaдите, Канје Вест и Бјанка Сенсори планираат да се разведат.
Веста први ја споделија Daily Mail и TMZ, повикувајќи се на свој извор, кој вели дека Канје и Бјанка ќе го финализираат разводот во наредните неколку денови.
Наводно, моментално Бјанка била во нивната куќа во Лос Анџелес, додека Канје планирал да оди во Токио во хотел.
Подоцна и Page Six ја потврди веста од свој извор.
По скандалот на Греми, Канје напиша неколку расистички објави на Твитер и кажа дека го сака Адолф Хитлер, поради што реагираше и Илон Маск кој му го затвори профилот.
Потоа, на неговата онлајн продавница ги тргна сите продукти и продаваше само бела маица со симболот на свастика.
Сето ова, заедно со проблематично однесување од претходно, ја натерало Бјанка да побара развод.
„Веќе ѝ е преку глава. Маицата со свастика (што ја продаваше на сајтот) ја прели чашата.
Му рече дека таа не е таква личност и не сака да ја поврзуваат со него. Тој, пак, ѝ вели дека има поголема моќ од неа и продолжи да ги продава маиците.
Ова има влијание врз Бјанка и таа не сака да биде дел од неговиот циркус“, вели изворот за Page Six.
Канје, од друга страна, бил сигурен дека Бјанка ќе се премисли.
„Вели дека само му е лута, но таа му рече дека ова дефинитивно е крај“, додава изворот.
Од друга страна, за Hollywood Reporter, портпаролот на парот ги негира гласните.
„Новостите за нивниот приватен живот ќе дојдат од нив директно, а не како гласини.
Тие се во Лос Анџелес и заедно ќе го прослават Денот на вљубените“.
Сепак, и други американски медиуми ја потврдија веста од свои извори.
„Бјанка е преморена. Пробуваше да биде добра сопруга и соработничка и поминa низ толку лудории со Канје, но ова не може да го поднесе.
Има напнатост помеѓу нив. Бјанка мора да го остави Канје зад себе, мислам дека за неа ова е крај“.
Кратко по скандалот на Греми наградите, јавностa почна да шпекулира дека Канје ја уценува Бјанка и ја присилува да се појавува гола, против нејзина волја.
По гласините за разводот, Канје напиша твит кој сега е избришан.
Канје сподели скриншот со објаснување за зборот „принуда“.
„Да, принудата е нелегална. Принуда е присилување на некого да направи нешто против негова волја со закани или заплашување.
Може да вклучува физичко насилство, психолошко малтретирање, изнудување, уценување или сексуален напад“, стои во објаснувањето.
Претходно, повторно во избришан твит, Канје изјави дека има моќ над неговата сопруга, но дека не би можел да ја натера да се соблече на Греми без нејзина дозвола.
Инаку, ова не е првпат парот да се раздели.
Во октомври минатата година, извори блиски до парот открија дека Канје и Бјанка ќе се разведуваат.
Сепак, набрзо потоа беа забележани во Токио, па се шпекулира дека гласините биле маркетиншки трик по инцијатива на Канје, бидејќи сакал да се зборува за нив.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110027_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111309_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108418_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_112597_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113167_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113880_400.jpg)