Канје Вест се разведува по 2 години брак: „Дали Бјанка конечно ќе почне да се облекува?“

„Се прашувам дали Бјанка ќе почне да се облекува како нормален човек, сега кога се разведува од Канје Вест“, коментираат на Твитер по веста за разводот.

kanje-vest-se-razveduva-po-2-godini-brak-dali-bjanka-konechno-kje-pochne-da-se-oblekuva-01.jpg

Еден од најбогатите рапери во светот, Канје Вест, по 2 години брак се разведува од сопругата Бјанка Сенсори.

Парот е последен пат виден заедно во јавност на 20-ти септември.

kanje-vest-se-razveduva-po-2-godini-brak-dali-bjanka-konechno-kje-pochne-da-se-oblekuva-06.jpg

Иако досега не ја потврдиле веста за разводот, TMZ тврди дека Канје им кажал на своите пријатели дека „е готово меѓу него и Бјанка“, а тој е подготвен да се разведе.

Последниве денови 47-годишниот Вест е во Токио, додека Сенсори (29) заминала во Австралија за да биде со своето семејство во најтешките моменти.

kanje-vest-se-razveduva-po-2-godini-brak-dali-bjanka-konechno-kje-pochne-da-se-oblekuva-07.jpg

Тоа што е Бјанка во Австралија е уште еден доказ дека парот се разведува.

Изминативе две години семејството ја молеше да се тргне од Канје поради сите скандали и тоа што шеташе „гола“ по улица, но таа не сакаше да ги слушне нивните молби и коментари.

kanje-vest-se-razveduva-po-2-godini-brak-dali-bjanka-konechno-kje-pochne-da-se-oblekuva-08_copy.jpg

„Се прашувам дали Бјанка ќе почне да се облекува како нормален човек, сега кога се разведува од Канје Вест“, коментираат на Твитер.

Парот се венча во декември 2022, еден месец откако Канје го финализираше својот развод со Ким Кардашијан, со која има 4 деца.

Неодамна медиумите објавија дека најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, е многу блиска со Бјанка, а дека тоа воопшто не ѝ се допаѓа на Ким, најмногу поради лошата репутација што ја стекна австралиската архитектка откако се омажи со раперот и скоро и да не носеше облека кога се појавуваа во јавност.

kanje-vest-se-razveduva-po-2-godini-brak-dali-bjanka-konechno-kje-pochne-da-se-oblekuva-02.jpg

Ким, наводно барала Бјанка да се облекува кога е во присуство на нивните деца.

kanje-vest-se-razveduva-po-2-godini-brak-dali-bjanka-konechno-kje-pochne-da-se-oblekuva-05_copy_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Каков татко - таква ќерка: Канје Вест ги замени забите со титаниумска вилица, а Норт се пофали со ск... Истиот ден кога Канје се пофали со нова вилица, поскапа од дијаманти, ќерка му п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg