Хит видео: Мадона го крие лицето со огромна качулка, а рацете со набрана кожа нервозно ги пика во џебовите
- Детали
- петок, 07 октомври 2022
Mадона не може да се помири дека старее... Кога виде дека ја снимаат, набрзина ги скри дланките во џебовите, а лицето го криеше со качулка и со чанта. Како Мадона прави сѐ за да го скрие својот вистински изглед од папараците, додека сите ја обвинуваат дека премногу ги обработува фотките на социјалните мрежи? Хит видео од поп кралицата.
Поп кралицата Мадона во последно време многу повеќе внимание привлекува со обработените фотографии што ги објавува на социјалните мрежи, отколку со музиката.
Коментарите за нејзините фотки на Инстаграм се најчесто осудувачки, па така според многумина, таа на фотографиите веќе не наликува на некогашната модна икона.
Очигледно пејачката не може да прифати дека веќе е во седмата деценија од животот и дека годините се познаваат на нејзиното тело, без разлика на тоа колку и да се обидува да изгледа младо и затегнато.
Пред неколку месеци Мадона беше уловена од папараци додека беше на вечера со 21-годишниот син Роко Ричи во Лондон и тогаш на фотките можеше да се забележи дека лицето ѝ е видно отечено, а кожата на рацете набрана и дека и покрај тоа што очајно се обидува со помош на филтри да ги скрие годините, тоа е невозможно.
Деновиве таа двапати беше фотографирана и снимена на аеродромот во Њујорк. Поучена од минатото, поп кралицата одлучи овојпат да го скрие лицето со огромна качулка, дланките ги прекри со долгите ракави, а на Твитер масовно се споделува видеото од почетокот на месецот, каде поп дивата се качува по скали,на кое кога забележа дека ја снимаат - набрзина го пушти гелендерот и се обиде на секој начин да ги скрие дланките.
„Некогаш беше кралица на новата мода... Денес наликува на Покемон! Барем носи Balenciaga“ – стои во еден од безмилосните твитови.