„Ова не е нормално“ - Гал Гадот ја бакна ќерка си во уста и стана мета на критики (видео)
- Детали
- среда, 26 март 2025
„Не бакнувајте деца во уста, дури и да станува збор за вашите деца“ е еден од осудувачките коментари за Гал Гадот, која ја бакнува својата 4-годишна ќерка во уста.
Израелската актерка Гал Гадот откако доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд на 18-ти март, сподели сладок момент со својата 4-годишна ќерка.
Таа ја бакна малата Даниела во уста, а магазинот People го сними моментот и го објави на Инстаграм.
Бакнежот е за време на церемонијата во Лос Анџелес.
Инаку, Гал Гадот е мајка на 4 деца. На свеченоста се појави со целото свое семејство.
И додека некои прокоментираа дека е слатко, голем дел од фановите ја осудија Гадот и нагласија дека со овој потег ја преминала линијата.
Дел од осудувачките коментари на социјалните мрежи:
„Без разлика колку луѓето да инсистираат дека ова е нормално, бакнувањето на вашето дете на усните не е нормално на ниту еден начин“.
„Извини, но ова е чудно“.
„Не бакнувајте деца во уста, дури и да станува збор за вашите деца“.
„Ова не е нормално!“
Кликнете на видеото кога Гал Гадот ја бакнува ќерка си во уста:
Видео кога Гал Гадот добива своја ѕвезда во Холивуд:
Прочитајте и „Тој е чуден!“ - Дејвид Бекам се обидува да ја бакне ќерка си Харпер (13), таа се трга - видео поттикна дебата
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





