Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одговори
- Детали
- понеделник, 04 ноември 2024
Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ми е грижа што немам повеќе фигура како порано, едноставно веќе го немам тоа тело и крај на приказната“. Taa доби коментари дека си го криела стомакот затоа што се срами од своето тело.
Селена Гомез (32) се појави во црн фустан на премиерата на нејзиниот нов филм „Emilia Perez“ во Лос Анџелес.
На повеќето од фотографиите таа позира со рацете поставени во пределот на стомакот, па дел од нејзините следбеници го протолкуваа ова како обид да си го скрие стомакот.
На ова таа на хејтерите им одговори во видео на ТикТок, кое подоцна го избриша, но во кое проговори за својата здравствена состојба.
„Навистина ми е непријатно од овие коментари.
Јас имам здравствена состојба SIBO, oдносно прекумерен раст на бактериите во тенкото црево“.
SIBO се дефинира како прекумерно присуство на бактерии во тенкото црево и е често е причина за хронична дијареа и малапсорпција.
„Не ми е грижа што немам повеќе фигура како порано, едноставно веќе го немам тоа тело и крај на приказната. Јас не сум жртва, јас сум само човек“.
Селена и во други пригоди има зборувано како нејзините здравствени проблеми, како автоимуната болест лупус и слично, влијаат врз нејзината телесна тежина.
Прочитајте и „Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им одговори на критичарите
Скриншот од видео на Селена Гомез од пред една седмица
С. С. | Црнобело