„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им одговори на критичарите
- Детали
- среда, 24 јануари 2024
„Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив дека веќе никогаш нема да го имам истото тело“ – Селена Гомез сподели фотки со кои се воочуваат разликите на нејзиното тело и им одговори на сите што ја критикуваат дека се здебелила.
Селена Гомез важи за една од светските ѕвезди која не се срами заради промените на нејзиното тело и наместо опсесивно да се труди да ослаби и да се врати на формата што ја имала пред 10-тина години, таа денес е горда со тоа што го поседува.
Убавата пејачка често знае да сподели фотографии со цел да ги охрабри сите други девојки, а истото го направи и неодамна на нејзиниот Инстаграм профил, кога една до друга сподели фотки од периодот кога имаше 21 година и од одморот во Кабо во 2023-та година, каде во прв план беа нејзините облини.
„Денес сфатив дека никогаш повеќе нема да изгледам вака“ – напиша таа на фотката на која има 21 година и каде што позира во бикини со принт на зебра, а во прв план е нејзиниот рамен стомак и витката форма.
Веднаш по неа, Селена објави уште една фотографија од минатогодишниот одмор во Кабо, каде носи црн долен дел од костим за капење со висок струк и бел градник, а каде се забележуваат вишокот килограми и облините:
„Не сум совршена, но горда сум да бидам тоа што сум... Понекогаш заборавам дека е во ред само да бидам своја“ – напиша таа на фотката.
Инаку, Селена честопати е мета на критики заради промената на телото, откако помина операција по дијагнозата со лупус. Нејзе ѝ беше трансплантиран бубрег, а мораше да помине и хемотерапија.
Таа рече дека кога имала 24 години сфатила дека веќе нема тело на тинејџерка за време на проба за магазин, по што била мошне самокритична.
„Ниту еден број не ми беше точен и се чувствував засрамено. Не е реално да не очекувате телото на нормалната жена да се промени со годините!“ – нагласи таа.
Прочитајте и Селена Гомез гордо позира во бикини, танцува на јахта и не го крие вишокот килограми (фото+видео)
Погледнете неколку фотографии од Селена низ годините:
Б. С. Б. | Црнобело