Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми
- Детали
- сабота, 17 август 2024
Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им рече дека само ја мрзи да оди во теретана. Кејт Винслет нагласи дека им забранила на продуцентите да ѝ го избришат салцето на стомакот. Кои холивудски ѕвезди гордо си ги носат мааните?
Иако ни се чини дека холивудските ѕвезди се стремат да бидат што е можно послаби и со тоа создаваат нереална слика за женското тело, има и такви кои јавно рекле дека не се грижат за зајадливите коментари и дека им е поважно да бидат здрави.
Минатата недела Кејт Винслет (48) изјави дека одбила да прифати да ѝ го скријат салото на стомакот додека го снимала последниот филм „Lee“.
Но, Кејт не е првата холивудска ѕвезда што јавно зборувала за ирационалните стандарди за телото што Холивуд им ги наметнува на жените.
Во продолжение да погледнеме дел од славните дами кои одбиле да прифатат нивното тело да биде фотошопирано, а салцето на стомакот да им биде целосно избришано:
Флоренс Пју
Флоренс има само 28 години, но и таа отворено призна дека има маани и несовршености кои не сака да ги прикрие.
„Зборувам на тој начин за сопственото тело, затоа што не се обидувам да го скријам целулитот на бедрата или салото помеѓу раката и градите.
Сакам да бидам целосно искрена. Мислам дека најстрашни за мене биле миговите, кога луѓето ми замериле затоа што сум покажала премногу од себе“ – рече таа во интервју.
Во јули 2023-та година Флоренс беше критикувана затоа што носеше проѕирен розов фустан во кој ѝ се гледаа градите, а коментарите на социјалните мрежи, беа во најмала рака вулгарни и насочени кон нејзините премали гради.
„Голем број од вас сакаа агресивно да коментираат за да знам дека сте разочарани заради моите мали гради или дека треба да се срамам затоа што сум целосно рамна.
Живеам во моето тело долго време. Целосно сум свесна за големината на моите гради и не се плашам од тоа“ – одговори Флоренс.
Ема Томпсон
Ема Томпсон во повеќе наврати рекла дека времето потрошено на размислувања за изгледот на телото е залудно потрошено време.
„Не знаеме како да си ги прифатиме телата, а тоа особено се однесува на жените чијшто статус зависи од изгледот на телото и фотографиите и…
Тоа навистина е мошне здодевно и e залудно губење на време и енергија, и ве оддалечува од животната цел.
Не губете си го времето, не губете ја животната цел заради грижата за изгледот на телото“ – рече Ема.
Таа признава дека и сама имала проблеми да го прифати сопственото тело какво што е, но со текот на годините сфатила дека тоа (тело) е нејзиниот дом и дека нема потреба да го осудува, иако навистина е тешко да се воздржи од тоа.
Селена Гомез
Во последните години Селена е типичен пример за јавна личност која шири прифаќање на несовршеностите на телото меѓу младите жени.
Во јануари таа објави две сопствени фотографии од 103-та и од 2023-та година и упати моќна порака до сите жени и девојчиња:
„Денес сфатив дека веќе никогаш нема да изгледам вака.
Не сум совршена, но горда сум со себе…
Иако, понекогаш заборавам дека е ОК јас да бидам јас“.
Лејди Гага
Неодамна почнаа да се шират гласини дека Лејди Гага е бремена, откако беше забележана во тесен црн фустан и со видно подуен стомак.
„Не сум бремена – само не ми се оди во теретана“.
Со овие зборови, пејачката им одговори на сите што ширеа гласини.
Б. С. Б. | Црнобело