Селена Гомез гордо позира во бикини, танцува на јахта и не го крие вишокот килограми (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 31 јули 2023
„Прекрасна е“, „Кралица“ – коментираат твитерџиите на видеото на кое се гледа како Селена Гомез самоуверено танцува на јахта во смел костим за капење и воопшто не се грижи за вишокот килограми.
Селена Гомез (31) викендот (29.07/30.07) го помина на јахта со пријатели, а сподели кратко видео и фотографии на Инстаграм Стори на кои гордо позира во розово бикини и воопшто не се труди да ги скрие облините.
Убавата пејачка се фотографираше во смел костим за капење, кој едвај успеа да ги покрие нејзините гради.
Изгледот го надополни со кратки фармерки со трегери кои ги носеше откопчани.
Таа објави и едно кратко видео на кое танцува, а коментарот на Твитер е дека со него успеала повторно да предизвика лавина од реакции.
Инаку, таа неодамна се пошегува на сопствена сметка и на сметка на нејзиниот љубовен статус.
„Сингл сум! Веројатно затоа што сум тешка за одржување, но ве сакам многу“ – рече таа во едно од нејзините ТикТок видеа.
@selenagomez The struggle man lol
♬ original sound - Selena Gomez
Погледнете уште неколку фотки од Селена во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело