На јахта со мажите на нејзиниот живот – Згодната сопруга на Лео Меси на одмор со фудбалерот и трите сина
- Детали
- вторник, 13 август 2024
Вљубени пози со сопругот по костими за капење, но и совршени семејни портрети со трите сина – згодната сопруга на Меси објави фотки од одморот на јахта, додека фудбалерот закрепнува од повреда.
Фудбалерот на Inter Miami, Лионел Меси, периодов закрепнува од повреда, па додека неговиот тим се натпреварува без него, тој одмора со семејството.
Неговата сопруга Антонела Рокуцо објави повеќе фотки од нивниот семеен одмор, додека со трите сина уживаат на јахта.
На дел од фотките, таа го покажа нејзиното згодно тело во бикини, но и нејзините омилени мажи во животот, кои се опуштаат со пијалак.
„Лето и тие“ – напиша Антонела до објавата на Инстаграм, алудирајќи на Лео и синовите Тијаго, Матео и Сиро.
Парот беше на јахта и минатиот месец, кога повредата на фудбалерот беше тазе и одмараше со ортопедско помагало на ногата, a позираа во костими за капење во тон.
Тогаш парот уживаше во дружба со пријатели, а Антонела сподели неколку фотки, но не пропушти шанса да се пофали и со згодното тело.
Уште неколку фотки од семејниот одмор на Меси и Антонела:
М. М. | Црнобело