„Тоа ми е од лековите“ – Селена Гомез стана мета на критики, откако објави видео во кое видно ѝ се тресат рацете
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
Пред извесен период ја критикуваа заради вишокот килограми, а сега ја критикуваат затоа што видно ѝ се тресат рацете. Селена Гомез сподели видео од нејзината утринска рутина, а несакајќи покажа и какви се последиците од лековите за лупус.
Селена Гомез (30) објави видео на ТикТок во кое сакаше да покаже како изгледа нејзината утринска рутина и на кој начин се грижи за совршениот изглед на нејзиното лице, но дел од нејзините следбеници повторно ја критикуваа, затоа што овојпат ѝ се треселе рацете.
Пејачката веднаш одговори на таквите коментари:
„Хахаха, се тресам од лековите за лупус. Исто така, прочитајте што пишува под видеото. Јас не сум професионалец.“
Погледнете го видеото:
@selenagomez PSA I got most of these products free. I ain’t just rolling like that everywhere. Use any serum to take off make up before washing. It breaks it up nicely. Also use a sponge to wipe eyes to treat eyes delicately when removing make up. K I’m done pretending I know what I’m taking about.
-->♬ Never Be Me - Miley Cyrus
Инаку, на Селена во 2014-та година ѝ беше дијагностициран лупус, автоимуна болест што влијае врз работењето на голем број органи.
Честопати се случува лицата што боледуваат од оваа болест да имаат проблеми и со зглобовите, кожата, бубрезите, крвта, мозокот, срцето и белите дробови, а на Селена во 2017-та година мораше да ѝ биде трансплантиран бубрег заради болеста.
Селена во минатото откри дека тешко се носи со критиките на социјалните мрежи, па дури во 2019-та привремено ги избриша сите апликации за социјалните мрежи од нејзиниот телефон затоа што тие правеле да се чувствува депримирано.
Неодамна таа се врати на Инстаграм каде објави повеќе фотографии од одморот со Никола Пелц и Бруклин Бекам во Мексико, а паралелно во медиумите се појавија и папараци фотки на кои се гледа како Селена гордо позира и покрај вишокот на килограми.
Инаку ова не беше првпат таа да одговори на критиките. Во 2022-ра година Селена им одговори на сите што ја критикуваа за вишокот килограми, па рече:
„Јас сум совршена таква каква што сум. Искрено, не се грижам за килограмите затоа што луѓето секако ќе коментираат“ – рече таа и додаде дека ѝ се смачило постојано да слуша коментари од типот: ‘премногу си мала’ или ‘многу си се здебелила’.
Б. С. Б. | Црнобело