Селена Гомез се сврши со дечкото кој соработуваше со Џастин Бибер – зошто фановите го мразат?
- Детали
- четврток, 12 декември 2024
„Треба да го остави пред да ѝ го уништи животот“ – со вакви коментари фановите го критикуваат партнерот на Селена Гомез – Бени Бланко – кој ја побара за сопруга со огромен веренички прстен.
По околу една година заедно, Селена Гомез откри дека дечко ѝ Бени Бланко ја запросил.
32-годишната пејачка се пофали со свршеничкиот прстен на Инстаграм.
Таа сподели неколку фотки на кои прстенот е во преден план, како и една со саканиот.
„Засекогаш почнува сега“, стои во описот на објавата.
Во коментари доби честитки од бројни славни личности, вклучувајќи ги Тејлор Свифт, Џенифер Анистон и Гвинет Палтроу.
Селена сподели и две објави на Инстаграм Стори на кои радосно го покажува свршеничкиот прстен.
Селена и продуцентот Бени Бланко ја потврдија врската пред околу една година.
Неодамна, пак, Бени откри дека Селена го направила првиот чекор.
„Таа ме покани на состанок. Беше лудо. Буквално ме праша…
Си разговаравме и ме праша дали сакам да одам на вечера. И, отидов со неа на вечера“.
На прашањето дали бил нервозен на првиот состанок, тој негираше, истакнувајќи дека веќе се познавале.
Но, додаде и дека не бил свесен дека биле на романтичен состанок.
„Пријатели сме со години – можеби 10, 15 години. Тогаш не ни сфатив дека сме на состанок.
Селена ми рече дека требало да облече нешто друго за состанокот, и тогаш ја прашав ’Чекај, на состанок сме?‘ Немав поим.
Селена си замина порано бидејќи требаше да снима спот следниот ден.
Се видовме два дена подоцна и си помислив дека ѝ се допаѓам. Па, ја бакнав и останатото е историја“.