Селена Гомез се сврши со дечкото кој соработуваше со Џастин Бибер – зошто фановите го мразат?
Бени вели и дека ја гледа Селена не само како девојка, туку и како најдобра пријателка.
Иако и Селена има само добри зборови за саканиот и признава дека тој е првиот дечко кој ја „третира како човек“, фановите изразуваа негодување уште на почетокот од врската.
Најпрво, многумина истакнаа дека Бени му е пријател и соработник на Џастин Бибер – бившиот на Селена.
Притоа, Бени наводно кажал нешто лошо за Селена во интервју од пред неколку години.
Во интервјуто од 2020-та, Бени зборува за Џастин и вели дека тој не е како другите артисти, а притоа ги критикуваше музичарите кои имаат свој бренд за шминки – нешто што има и Селена.
„Џастин не е како оние артисти излезени од калап.
Како оние кои велат ’еве го мојот нов сингл и ова е мојот бренд за шминки‘. Џастин е реален и искрен“.
Кратко пред интервјуто е периодот кога Селена го лансира својот бренд.
Па, иако Бени не го спомнува нејзиното име, фановите сметаа дека е дволичен штом ја критикувал нејзината кариера, а сега ѝ е дечко.
Селена дојде во ситуација и да го брани Бени во коментари на Инстаграм:
„Тој е подобар од сите со коишто сум била“
„Тој ме третира подобро од кој било човек на планетата“.
„Тој е најдоброто нешто што ми се случило“
„Не разбирам дали навистина се грижите за мене. Јас сум посреќна од кога било. Ако не можете да ме прифатите кога сум најсреќна, тогаш не ве сакам во мојот живот“, се мал дел од коментарите на пејачката.
Дел од фановите, пак, негодуваа за изјавата на Бени дека не бил свесен дека се на состанок.
Со ова, сметаат дека покажал дека тој не ни бил заинтересиран за неа, но и дека јавно ја понижил.
За свршувачката, пак, некои фанови ѝ посакуваат сè најдобро:
„Селена изгледа навистина среќно. Се надевам дека овој маж ќе ја усреќи бидејќи заслужува“.
„Ова е слатко – честитки Селена и Бени“.
„Пресреќна сум за вас двајцата“.
Сепак, некои негодуваат:
„Селена, знам нека си среќна, но можам да го намирисам разводот“.
„Среќна сум за неа, но мислам дека Селена може да си најде и подобар“.
„Сè што сум слушнал за овој тип е огромно ’црвено знаменце‘. Треба да го остави пред да ѝ го уништи животот“.
Засега Селена нема споделено детали за запросувањето.
Спирова С. | Црнобело