Мет Дејмон се криел од фанови кога ја запознал сопругата: Славни парови чија љубов почнала како на филм
- Детали
- понеделник, 06 јануари 2025
Мет Дејмон се криел од фанови зад барот каде што работела неговата сопруга. Таа го задолжила да ѝ помогне и да прави коктели, а набрзо потоа излегле на состанок. И, во среќен брак се од 2005 година.
Љубовните приказни на некои славни парови навистина почнуваат како на филм.
А, уште послатко е кога овие приказни траат и траат.
Дел од љубовните приказни во Холивуд кои се како на филм:
Емили Блант и Џон Красински
Џон Красински бил излезен на вечера со режисерот Џастин Теру, кога ја здогледал Емили.
Емили, пак, била во ресторан со пријателка што го познавала Џон.
И, актерот решил да го остави режисерот сам, за да ја запознае Емили.
Набрзо потоа ја поканил на состанок, и тоа на стрелиште.
Актерот изјави дека воопшто не очекувал да ѝ се допадне, па решил да направи нешто екстремно.
Како што кажа самиот, во тој случај полесно ќе му било да се помири со фактот дека не ѝ се допаѓа.
Но, проценил погрешно бидејќи тие се во среќен брак од 2010 година, а имаат и две деца.
Стенли Тучи и Фелисити Блант
Љубовта на Емили Блант и Џон Красински е причина зошто Стенли Тучи е во брак со сопругата.
Имено, сопругата на Стенли – Фелисити – ѝ е сестра на Емили, па тие се запознале на нејзината свадба со Џон.
Веднаш си се допаднале, набрзо потоа почнаа врска и се венчаа во 2012 година.
Заедно имаат две деца, додека Стенли има уште три од претходен брак.
Мет Дејмон и Лусиана Баросо
Лусиана работела во дискотека во Мајами кога го запознала Мет Дејмон.
Тогаш актерот работел на филмот Stuck On You, па затоа бил во Мајами.
Кога бил во дискотеката, фановите кои го препознале почнале да стануваат агресивни, па тој се скрил зад барот каде што стоела Лусиана.
Во интервју, таа откри дека актерот само сакал да разговара со неа и да испие пијачка додека фановите да си заминат.
Но, таа го задолжила да прави коктели и тој без двоумење ѝ помогнал.
По ова, излегле на состанок, почнале врска и се венчаа во 2005 година, а заедно имаат четири ќерки.
Мајкл Бубле и Луисана Лопилато
Мајкл Бубле настапувал во Аргентина, кога ја здогледал сопругата Луисана.
Тогаш не се запознале, но кога одел кон хотелската соба, му рекол на дедо му кој бил со него:
„Тоа е најубавата девојка што сум ја видел и нема да ја видам никогаш повеќе“.
Но, истата вечер кога отишол на забава, повторно ја здогледал.
Тој не зборувал шпански, а ни Луисана не зборувала англиски, но некако се разбирале.
Интересно е што додека пејачот се распрашувал за неа, Луисана се допишувала со мајка ѝ и ѝ рекла дека сигурно е геј.
Но, подоцна ја поканил на состанок, почнале врска, се венчаа во 2011-та и имаат три деца.
Салма Хајек и Франсоа Анри Пино
Милијардерот пробал да договори состанок со Салма преку нејзини пријатели.
Но, тие биле сигурни дека таа нема да прифати.
Па, ја излагале дека треба да оди на настан, а го излагале и Франсоа – му рекле дека Салма прифатила.
Кога актерката отишла во ресторанот, сфатила дека освен Франсоа, таму нема никој друг.
„Бев гневна. А, ни тој не знаеше што се случува бидејќи мислеше дека сум се согласила да излеземе“, има изјавено актерката.
Но, веројатно ова донекаде ги зближило, па отишле на вистински состанок.
Во брак се од 2009-та, а заедно имаат едно дете.
Спирова С. | Црнобело