Зошто славните често се разболуваат од лајмска болест (што се добива од крлежи), според доктор

Бела Хадид, Аврил Лавињ, Џастин Бибер, Бен Стилер, Ејми Шумер... Ова се само некои од славните личности што во изминатите години отворено зборуваа за нивната борба со лајмската болест. Зошто познатите најмногу страдаат од болеста што се пренесува со крлежи, според доктор.

zoshto-slavnite-chesto-se-razboluvaat-od-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-spored-doktor-01.jpg

Бела Хадид, пак, објави и серија фотографии со кои покажа дека животот со оваа болест, која се добива од убод на крлежи, воопшто не е лесен.

Лајмската болест е бактериско заболување кое се пренесува преку крлежи и предизвикува симптоми што наликуваат на настинка, со чувство на замор, главоболка, отечени зглобови и треска.

Оваа состојба може да трае со недели, но кај некои пациенти симптомите траат со години, за што лекарите немаат објаснување.

Прочитајте и Бела Хадид покажа како изгледа тешката борба со лајмската болест, која се добива од убод од крлеж

zoshto-slavnite-chesto-se-razboluvaat-od-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-spored-doktor-02.jpg

Во 2020-та година, Џастин Бибер, по гласините дека консумира опојни супстанци, ги информира обожавателите дека има лајмска болест.

„Луѓето велат дека изгледам како да користам метамфетамини, но не знаат дека неодамна ми дијагностицираа лајмска болест, и тоа не беше сè, туку се соочив и со инфективна мононуклеоза, што влијаеше врз изгледот на мојата кожа, врз функционирањето на мозокот, енергијата и целокупното здравје“ – рече тој.

zoshto-slavnite-chesto-se-razboluvaat-od-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-spored-doktor-05.jpg

Актерот Бен Стилер, пак, рече дека во 2011-та година заболел од болеста.

На почетокот имал воспаление на коленото, па подоцна лекарите утврдиле дека боледува од лајмска болест.

zoshto-slavnite-chesto-se-razboluvaat-od-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-spored-doktor-06.jpg

Меѓу славните што отворено зборуваа за оваа болест беше и пејачката Аврил Лавињ, која во 2014-та година откри:

„Се чувствував како да не можам да дишам, не можев да зборувам, ниту да се движам. Мислев дека умирам“.

Пејачката откри дека со месеци чувствувала вртоглавици и била летаргична, а во друга пригода откри дека две години не можела ниту да стане од кревет.

zoshto-slavnite-chesto-se-razboluvaat-od-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-spored-doktor-07.jpg

Но, ова се само дел од славните што низ годините отворено зборуваа за болеста. И, тука сосема нормално се поставува прашањето - зошто толку многу славни личности заболуваат од болеста која се пренесува од крлежи?

Нели славните живеат на висока нога и немаат пристап до овие паразити?

Според професорот Пол Хантер, кој е експерт за инфективни болести во Англија, токму нивниот начин на живот ги прави славните поподложни на болеста.

Тој во изјава за Daily Mail вели дека тоа што познатите ѕвезди имаат повеќе слободно време и го поминуваат на отворените зелени површини каде што има крлежи, ги прави да бидат многу поподложни на болеста.

„Ако некои познати и богати луѓе почесто ја добиваат болеста, тоа е најверојатно затоа што поминуваат повеќе време шетајќи по паркови, повеќе пати да одат на одмори на такви места или, пак, да купуваат големи палати, кои имаат паркови и шуми околу нив“ – вели тој.

zoshto-slavnite-chesto-se-razboluvaat-od-lajmska-bolest-shto-se-dobiva-od-krlezhi-spored-doktor-03.jpg

„Додека се шетате, крлежите скокаат на вашите нозе и се качуваат нагоре. Ви ја цицаат крвта и ќе ве заразат со лајмска болест.

Затоа, ако се шетате на вакви места, најдобро е да проверите кога ќе си дојдете дома дали имате крлежи и ако имате, да ги отстраните безбедно“ – вели тој.

Прочитајте и Сезона на крлежи: Зошто овие паразити се опасни, што да правите при убод и како да се заштитите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg