Сезона на крлежи: Зошто овие паразити се опасни, што да правите при убод и како да се заштитите?

Крлежите го пренесуваат опасното вирусно заболување лајмска болест. Како да се заштитите себеси и децата од овие опасни паразити, што треба да направите доколку ви се закачил крлеж на дел од телото и зошто е неопходно да побарате лекарска помош?

sezona-na-krlezhi-zoshto-ovie-paraziti-se-opasni-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-01.jpg

Со доаѓањето на топлото време и пролетта, речиси сите имаме потреба што е можно повеќе време да поминуваме во природа, во парковите и шумите, каде вегетацијата веќе е раззеленета и бујна, но во неа демнат и голем број паразити: крлежи и болви.

sezona-na-krlezhi-zoshto-ovie-paraziti-se-opasni-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-03.jpg

Крлежите се опасни мали паразити што често може да се закачат на домашните миленици, но и на човекот, без да ги забележите.

Тие се хранат со човечката и животинската крв, и пред да се закачат се мошне мали, а по неколку денови се зголемуваат.

Тие, пред сѐ, се опасни затоа што, доколку се заразени, ја пренесуваат лајмската болест – заболување што го напаѓа нервниот систем, кожата, коските и зглобовите, а доколку не се лекува навремено може да доведе и до инвалидитет.

sezona-na-krlezhi-zoshto-ovie-paraziti-se-opasni-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-02.jpg

Прочитајте и Бела Хадид раскажува за кобната болест која ја мачи веќе 9 години

Како да се заштитите од убод на крлежи?

На веб страната на македонското Министерство за здравство во PDF формат има целосно упатство за тоа како да се заштитите од крлежи.

Според упатството, треба колку што е можно повеќе да се избегнува престој во региони и локации каде што е познато дека има крлежи, а доколку одите на вакви места носете соодветна облека.

Задолжително треба да бидат заштитени сите делови од телото – рацете, нозете, вратот и главата задолжително треба да бидат покриени.

„Краевите на панталоните вовлечете ги во чорапите, блузите и кошулите со долги ракави закопчајте ги до горе“ – се вели во упатството.

Освен ова, пред да се престојува на места каде што постои можност да има крлежи, да се напрскаат (или да се намачкаат) откриените делови на телото со репелент (спреј/ крем) за заштита од инсекти и паразити, купен од аптека, што се користи според препорачаното упатство.

sezona-na-krlezhi-zoshto-ovie-paraziti-se-opasni-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-04.jpg

По секој престој на места каде е можно да има крлежи потребно е да се направи детална проверка на вашата, но и на облеката на децата.

Посебно внимание треба да се обрне на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата.

Крлежите исто така, често се закачуваат во превиткувањата на телото (под пазувите, кај препоните, под градите на жените, стомачните превиткувања и сл.).

sezona-na-krlezhi-zoshto-ovie-paraziti-se-opasni-i-kako-da-se-zashtitite-od-niv-05.jpg

Што да направите доколку ви се закачил крлеж?

Доколку забележите „закачен“ крлеж на телото најдобро е веднаш да се консултирате со лекар и да не се обидувате сами да го извадите, но доколку тоа морате да го направите сами, тогаш следете го следното упатство:

  • Со помош на пинцета треба да се опфати рилката на крлежот што е можно поблиску до кожата. Влечете нежно и упорно право нагоре, без да стискате и да го оштетите интегритетот на крлежот. Ако тоа го правите со прсти, задолжително користете заштита – ракавици или некој друг материјал.
  • По отстранување на крлежот рацете веднаш треба да се измијат со сапун и топла вода или со средство за дезинфекција.
  • По отстранување на крлежот, местото на убод се дезинфицира со алкохол.
  • Доколку сами го отстранувате крлежот и тоа неуспешно го направите - дел од рилката заостанал во кожата, задолжително треба да се јавите на доктор.
  • Местото на убодот од крлежот треба постојано да се набљудува најмалку еден месец. Доколку се појави црвенило итно јавете се на доктор за понатамошен третман.

Krlezzi-1.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg