Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор?

Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова не значи дека треба да ги заборавите сите други методи за заштита кои сте ги користеле дотогаш – покривањето со облека и барањето сенка сè уште се важни.

kako-da-gi-zashtitite-malite-deca-od-sonce-i-koga-da-pochnete-da-koristite-krem-so-faktor-01.jpg

Да се чуваат безбедни бебињата и малите деца е исцрпувачка работа, со полно работно време, и секој родител знае колку е тоа тешко, но и колку е важно да се постапува правилно.

Домот ќе го направите безбедно место за движење на вашите малечки, купивте безбедна опрема, постојано барате рецепти за здрава храна…

Но, покрај другото, особено е важно да ги заштите малечките и од штетното ултравиолетово (УВ) зрачење.

Ова е важно не само за да се избегнат болните изгореници од сонце, туку и за да го минимизирате ризикот од појава на рак на кожата подоцна во животот.

Како најмалите да се заштитат од сончевите зраци?

Во првите неколку месеци, бебињата се многу почувствителни на изложувањето на сонце отколку возрасните и постарите деца.

Нивната кожа содржи малку меланин, пигмент кој дава боја на кожата, косата и очите и обезбедува одредена заштита од сонце.

Можеби во пролетните и летните месеци ќе бидете во искушение да посегнете по кремот за сончање, но, Американската фондација за рак на кожата (The Skin Cancer Foundation) препорачува да почекате додека бебето не наполни 6 месеци пред да го воведете кремот со заштитен фактор.

Најдобрите начини да ги заштитите доенчињата до тој период е со соодветна лесна облека и престој под сенка.

decata-i-izlozhuvanjeto-na-sonce-kako-da-gi-zashtitite-koga-da-pochnete-da-koristite-krema-za-sonchanje-05.jpg

Користете лесна облека што ги покрива рацете и нозете на бебето, одберете капа што ги покрива лицето, вратот и ушите.

Кога сте во движење, користете количка со навлака за заштита од сонце и потрудете се да избегнувате прошетки во периодот кога сонцето е појако (најчесто од 10 до 17 часот).

Додека патувате со автомобил, ставете мрежа на прозорците со цел да ја спречите сончевата светлина да стигне до вашето малечко.

Бидете особено внимателни и никогаш не дозволувајте бебето да изгори од сонцето.

Кај доенчињата, изгорениците може да бидат итен медицински случај, со потенцијал да предизвикаат треска, дехидратација и плускавици.

decata-i-izlozhuvanjeto-na-sonce-kako-da-gi-zashtitite-koga-da-pochnete-da-koristite-krema-za-sonchanje-02_copy.jpg

Кога е време за нанесување крем со заштитен фактор?

Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем за сончање.

Ова не значи дека треба да ги заборавите сите други методи за заштита кои сте ги користеле дотогаш – покривањето со облека и барањето сенка сè уште се важни.

Но, како што детето расте и поминувате повеќе време на отворено, кремот за сончање ќе ви помогне да се заштити кожата од сонце.

Изберете крем за сончање со широк спектар (што значи дека штити од UVA и UVB зраци), со заштитен фактор од 30 или повеќе.

Побарајте кремови за сончање со цинк оксид и титаниум оксид. Овие состојки не треба да се апсорбираат во кожата за да делуваат, па затоа помала е веројатноста да предизвикаат реакција на чувствителна кожа.

За секој случај, сепак, најдобро е да тестирате нов крем за сончање на мала површина, пред темелно да го нанесете.

Нанесете малку од кремот на внатрешната страна на рачниот зглоб на бебето и внимателно следете дали ќе се појават знаци на иритација. Доколку користите спреј, никогаш не прскајте директно на лицето на детето.

Добро би било да се консултирате и со дерматолог кој ќе ви препорача соодветен крем.

decata-i-izlozhuvanjeto-na-sonce-kako-da-gi-zashtitite-koga-da-pochnete-da-koristite-krema-za-sonchanje-03.jpg

Совети за безбедност на сонце за доенчиња

Еве неколку работи што треба да ги имате предвид ова лето кога сте надвор со доенчиња помали од 6 месеци:

  • Чувајте го бебето на сенка што е можно повеќе.
  • Разговарајте со вашиот педијатар ако се двоумите кој крем за сончање да го изберете.
  • Погрижете се детето да носи облека која ја покрива и заштитува неговата чувствителна кожа.
  • Погрижете се детето да носи капа која ги покрива лицето, уште и вратот.
  • Бидете внимателни и следете дали детето ќе покаже знаци на изгореници или дехидратација.
  • Ако детето добие изгореници од сонце, тргнете се од сонце, нанесете ладни облоги и веднаш обратете се на вашиот педијатар.
  • Погрижете се детето да остане хидрирано: давајте му да цица или нудете му адаптирано млеко доколку не е на доење.

decata-i-izlozhuvanjeto-na-sonce-kako-da-gi-zashtitite-koga-da-pochnete-da-koristite-krema-za-sonchanje-04.jpg

За крај, имајте предвид дека вие сте оние кои треба да им всадат важни навики на вашите деца. Па, навикнете ги уште од мали нозе да нанесуваат крем за сончање и да носат капа.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg