Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог?
Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според дерматолог…
На сите ни е јасно дека во летниот период од дома не треба да излегуваме без да нанесеме крем со заштитен фактор на лицето и на телото за да спречите изгореници од сонце, но прашањето е колку и каква крем треба да се нанесе?
Дерматологот од Вирџинија, САД, Александра Браун, на својот Инстаграм профил редовно споделува фотки и едукативни видеа во кои сака да ја поткрене свеста кај нејзините следбеници за заштита на кожата во текот на летото.
Така таа неодамна го сподели видеото на американската инфлуенсерка Аликс Ерл, која на своите следбеници им се жалеше дека изгорела на сонце затоа што заборавила да нанесе крем за сончање.
„Нанесете крем со заштитен фактор 30 на лицето секој ден.
Нанесете крем и на целото тело, 15-тина минути пред да излезете надвор и мачкајте се повторно на секои два часа.
Внимавајте да не изгорите.
Едно горење во детството или во адолесценцијата двојно го зголемува ризикот од меланома.
Спрејовите за самопотемнување на нудат заштита од сонце и од изгореници, ниту пак сте заштитени, ако веќе сте биле исончани“ – посочува докторката во видеото.
Александра направи и кратко видео во кое појасни колкаво количество крем со заштитен фактор треба да се нанесе за да бидете целосно заштитени.
Ако го погледнете видеото, ќе сфатите дека на кремот со заштитен фактор не треба да се штеди, затоа што на тој начин спречувате посериозни компликации со здравјето, изгореници, предвремено стареење, но и појава на посериозни заболувања подоцна во животот.
Според неа, за да бидете целосно заштитени треба на телото да нанесете околу една чаша за ракија крем за сончање, а на лицето и на вратот, околу 2 до 4 прста крем.
Ако кремот е погуст, тогаш доволни се 2 прста, но ако е премногу течен, тогаш за да бидете безбедни треба да нанесете 4 прста крем.
Погледнете го видеото:
https://www.instagram.com/reel/C8uhhOfxqer/
Б. С. Б. | Црнобело