Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога?

Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 години треба да можат да стојат на една нога барем 40-тина секунди.

brz-test-so-koj-kje-go-proverite-rizikot-od-rana-smrt-kolku-dolgo-mozhete-da-stoite-na-edna-noga-01.jpg

Според експертите, ако можете да застанете на една нога без да се мачите да држите рамнотежа, тоа значи дека сте во добра форма и генерално со добро здравје.

Наводно, повеќе истражувања покажале дека ако не можете да стоите на една нога подолго од десет секунди, тогаш е време да почнете да работите на себе бидејќи сте изложени на ризик од разни проблеми, а со тоа и порана смрт.

Сега, пак, експертите од National Health Service во Англија успеале да одредат колку долго треба да можете да стоите на една нога во зависност од вашата возраст.

Според нивните наоди, лицата на возраст до 40 години треба да можат да стојат на една нога барем 40 секунди.

Ова е знак дека нивното тело е силно.

brz-test-so-koj-kje-go-proverite-rizikot-od-rana-smrt-kolku-dolgo-mozhete-da-stoite-na-edna-noga-02.JPG

Од друга страна, лицата на возраст помеѓу 70 и 79 години, треба да можат да стојат на една нога барем 18 секунди.

Имено, овој едноставен тест е добар показател бидејќи за да стоиме на една нога, треба да искористиме многу мускули, но и повеќе делови од мозокот за координација.

brz-test-so-koj-kje-go-proverite-rizikot-od-rana-smrt-kolku-dolgo-mozhete-da-stoite-na-edna-noga-04.JPG

Како да го направите тестот на NHS?

- Застанете исправено со дланките на половината.

- Подигнете ја доминантната нога и почнете да го мерите времето.

- Пробајте да останете во положбата што е можно подолго.

- Мерете го времето додека не изгубите рамнотежа.

brz-test-so-koj-kje-go-proverite-rizikot-od-rana-smrt-kolku-dolgo-mozhete-da-stoite-na-edna-noga-05.JPG

Колку долго треба да можете да стоите според вашата возраст?

- Од 18 до 39 години – 43 секунди

- Од 40 до 49 години – 40 секунди

- Од 50 до 59 години – 37 секунди

- Од 60 до 69 години – 30 секунди

- Од 70 до 79 години – 18 или 19 секунди

- Над 80 години – околу 5 секунди

brz-test-so-koj-kje-go-proverite-rizikot-od-rana-smrt-kolku-dolgo-mozhete-da-stoite-na-edna-noga-06.JPG

„Познато е дека луѓето кои не можат да одржат рамнотежа соодветно на нивната возраст се изложени на поголем ризик од проблеми со здравјето.

Со овој тест, луѓето лесно можат да проверат дали се во ризична група.

Доколку се, има многу разни активности кои можат да им помогнат да ја подобрат физичката спремност“, вели експерт од NHS.

Претходно истражување од 2022 година покажало дека средовечните луѓе кои не можеле да стојат на една нога подолго од 10 секунди, имале зголемен ризик од смрт во наредните десет години.

За разлика од физичката сила и флексибилноста кои со текот на времето се намалуваат, способноста за одржување рамнотежа е нешто што почнува да се влошува дури по 60-тата година од животот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg