Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие)
Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го зголемувате ризикот од повреди и инфекции на стапалата?
Факт е дека повеќето не обрнуваат многу внимание на стапалата кога станува збор за здравје.
Но, грижата на стапалата не вклучува само редовна хигиена и правење педикир – треба да обрнете внимание и на други работи со цел да се заштите од повреди, инфекции и деформитети.
Неколку ортопеди и специјалисти за стапала откриваат кои се работите што никогаш не би ги направиле:
Секојдневно носење штикли
Жените кои „живеат“ во штикли подоцна во животот речиси сигурно ќе се соочат со болка во стапалата.
Според ортопедите, не мора целосно да се откажете од штиклите, туку направете рамнотежа.
Немојте да ги носите секој ден, а кога ги носите, немојте цел ден да го поминете во штикли.
Одење боси по дома
Дури и ако сте дома, ортопедите препорачуваат да не одите боси, барем не постојано.
Ако цел ден го минувате дома боси, вашите стапала немаат поддршка, а можно е да ви се јави и задебелена кожа.
Ако поголемиот дел од подовите ви се покриени, тогаш и обични влечки ќе ви завршат работа.
Но, ако имате полизгав под, тогаш експертите препорачуваат да купите и нешто постабилно, како патики кои ќе ги носите само дома.
Ова е особено важно за постари луѓе кои веќе можеби имаат проблеми со рамнотежата, но и стапалата.
Трчање со несоодветни патики
Патиките наменети за трчање не се само маркетиншки трик и се неопходни ако уживате во оваа активност.
Овие модели им ја даваат соодветна поддршка на стапалата за време на трчање, со што се намалува ризикот од болка и повреди.
Одење боси во хотел
Иако хотелските соби се чистат, не значи дека теписите се перат откако ќе си замине секој гостин.
Па, секогаш избегнувајте да одете боси низ хотел бидејќи постои ризик да „закачете“ нешто на стапалата, како габична инфекција.
Истото важи за кое било место освен дома, како теретана.