8 причини за болка во градите кои не се ПМС
Покрај хормоналните промени за време на ПМС, и други фактори можат да предизвикаат болка во градите, како воспаление, циста или несоодветен градник.
Повеќето жени чувствуваат болка за време на ПМС и ова е сосема нормално.
Но, некогаш, од разни причини, може да се јави болка во градите во кој било период од месецот.
Ако првпат искусувате ваква болка, можеби ќе бидете исплашени и ќе помислите дури и на рак.
Сепак, во повеќето случаи, има објаснување кое не звучи толку страшно.
Неколку причини за болка во градите, кои не се ПМС:
Хормонални промени
Во ПМС, хормоналните промени се причината за болка во градите.
Но, исто така, болката во градите може да биде и знак за бременост – всушност, ова е еден од првите симптоми што го забележуваат повеќето жени.
Во некои случаи, болката може да биде предизвикана и од хормонални апчиња за контрацепција, обично оние со естроген и прогестин.
Ако ги пиете и го чувствувате овој симптом, консултирајте се со лекар.
Повреда
Како секој дел од телото, повредите може да настанат и на дојките.
Ако се удрите посилно, можно е да чувствувате болка и неколку денови подоцна.
Доколку болката се намалува и нема други симптоми, не би требало да е за грижите.
Но, одете на лекар ако:
- Имате оток на дојката
- Чувствувате некаков израсток во дојката
- Забележувате црвенило и зголемена топлина на дојката (може да биде знак за инфекција)
- Имате модринка која не поминува
Градник со несоодветна поддршка
Навистина е важно да носите градник со соодветна големина и поддршка бидејќи, во спротивно, може да чувствувате болка.
Ако болката се намалува кога ќе го соблечете градникот, тогаш можеби тој е причината.
Болка во мускулите
Некогаш болката во дојките може всушност да биде болка од градните мускули.
Ова може да се случи поради повреден мускул, по напорен тренинг, удар или повреда…
Доење
Ако сте бремени или веќе доите, тогаш сигурно сте запознати со оваа причина.
Доколку чувствувате болка за време на доење, не треба да ја игнорирате и консултирајте се со лекар.
Воспаление на дојките
Воспалението на дојките познато како маститис е најчесто кај доилки, но може да се јави и кај жени кои не дојат.
Ако станува збор за маститис, тогаш можно е да забележите и симптоми како црвенило и оток.
Во секој случај, важно е да се консултирате со лекар.
Циста
Во повеќето случаи, цистите во дојките не се опасни и поминуваат сами, но некогаш предизвикуваат болка.
Ако со болката забележите и испакнатина, одете на лекар кој ќе утврди дали цистата е опасна или ќе помине без третман.
Рак на дојка
Експертите велат дека ракот на дојка обично не предизвикува болка, но во некои случаи се јавува и овој симптом.
Ако покрај болката забележувате црвенило, израсток или оток, најдобро е да се консултирате со лекар кој ќе ги направи соодветните испитувања.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





