Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 12-02-2025
Office assistant 12-02-2025
QA Engineer 12-02-2025
QA Engineer 12-02-2025


„По 20 години болни менструации од кои губев свест, ми дијагностицираа ендометриоза“

Млада Британка две децении имала обилни и толку болни менструации, што некогаш губела свест. Кога конечно добила точна дијагноза, ѝ била направена операција, но вели дека ја чека уште долга битка и ја споделува својата приказна за да ја зголеми свесноста за ендометриозата.

po-20-godini-bolni-menstruacii-od-koi-gubev-svest-mi-dijagnosticiraa-endometrioza-01.jpg

Ендометриозата е заболување при кое ткивото од матката почнува да расте надвор од неа.

Заболувањето предизвикува силна болка, но и може да го отежни забременувањето.

Постои и поретко заболување познато како аденомиоза поради кое ткивото од матката почнува да расте во мускулниот ѕид на матката.

Ова заболување може да ја прошири матката и да предизвика обилни менструации.

35-годишната Џен Мур од Кембриџ добила дијагноза и за двете болести, но претходно цели 20 години ги трпела болните симптоми.

po-20-godini-bolni-menstruacii-od-koi-gubev-svest-mi-dijagnosticiraa-endometrioza-05.jpg

Таа ја добила првата менструација на 11-годишна возраст и уште тогаш чувствувала силна болка.

Со мајка ѝ отишла на гинеколог каде ѝ препишале апчиња за контрацепција кои некогаш се користат за проблеми со репродуктивниот систем.

Но, симптомите не само што не престанале, туку со годините станувале и полоши.

Кога одела на лекар, само ѝ велеле дека е нормално некои девојки и жени да имаат поболни и пообилни менструации.

po-20-godini-bolni-menstruacii-od-koi-gubev-svest-mi-dijagnosticiraa-endometrioza-02.jpg

Но, Џен истакнува дека некогаш болката била толку силна, што губела свест.

Фрустрирана од болката и обилното крвавење, одлучила да плати за магнетна резонанца во приватна клиника и тогаш се утврдило дека има ендометриоза и аденомиоза.

„Мислев дека мојата болка е нормална, толку знаев. Мајка ми ме носеше на разни доктори и беше мошне загрижена.

Сега ми е жал за мене, мислам за периодот кога имав 11 години и не ни знаев низ што ќе поминам“, раскажува Џен која сака да ја зголеми свесноста за болеста.

po-20-godini-bolni-menstruacii-od-koi-gubev-svest-mi-dijagnosticiraa-endometrioza-03.jpg

Таа истакнува дека долг период се откажала од намерата да го лоцира својот проблем бидејќи ѝ се чинело дека никој не ја сфаќа сериозно.

„Се откажав бидејќи кога толку многу луѓе ќе ви речат дека не ви е ништо, почнувате да верувате“.

Џен смета дека ретко се зборува за ова заболување, без разлика што е проблем на многу жени.

Додава и дека сите планови да оди на факултет ѝ пропаднале, бидејќи имало периоди кога не можела да стане од кревет.

Кај неа, болеста се проширила на цревата и мочниот меур и иако добива соодветна терапија, уште чувствува болка.

po-20-godini-bolni-menstruacii-od-koi-gubev-svest-mi-dijagnosticiraa-endometrioza-04.jpg

Уште не постои лек кој може целосно да ја искорени болеста, но симптомите може да се третираат со лекови, а некогаш се прави и операција.

„Секој ден сум во болка, но тоа е нормално дури и по операција. Оваа болест ми ги оштетува органите 22 години, што значи има многу штета.

Операциите не се магија која со сигурност може да го реши тоа. Знам дека ме чека уште долга битка“, вели Џен за Daily Mail.

po-20-godini-bolni-menstruacii-od-koi-gubev-svest-mi-dijagnosticiraa-endometrioza-06.jpg

Се претпоставува дека ендометриозата е заоблување со кое се соочуваат и до 10% од жените на возраст помеѓу 15 и 44 години.

Симптомите за болеста вклучуваат болни менструации, болка за време на секс, неплодност и обилно крвавење за време на менструација.

За да се дијагностицира, потребни се посебни испитувања, како биопсија, лапароскопија, магнетна резонанца…

Кога ќе се дијагностицира, докторот дава соодветна терапија, во зависност од стадиумот на болеста и симптомите на пациентката.

Доста често се користи хормонална терапија, како и лекови против болка. Во понапреден стадиум, може да се направи и операција со која се отстранува ткивото.

Кога се третира соодветно, кај повеќето жени симптомите се ублажуваат.

Но, важни се и редовните прегледи бидејќи болеста може да се врати.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg