Беснило и уште 4 болести кои можат да предизвикаат многу болна смрт
Смртноста од беснило е особена висока – речиси 100% штом ќе се појават симптомите. Затоа, ако ве касне животно, особено диво, веднаш одете на лекар каде што лекарите ќе добиете соодветен третман пред да се појават симптомите.
Смртта е природен процес и колку и да избегнуваме да размислуваме за ова, факт е дека нè очекува сите.
Уште никој не открил еликсир за бесмртност, па единствено ни останува да се надеваме дека ќе дочекаме мирна и безболна смрт.
Но, постојат болести кои можат да предизвикаат навистина болна смрт.
Повеќето од овие болести се ретки, а и не значи дека луѓето кои ги имаат ги очекува многу болна смрт.
Со напредокот на медицината, животот на лицата со овие состојби може да се направи многу поудобен, дури и ако нема начин да бидат излекувани.
Кои болести можат да предизвикаат многу болна смрт?
Ебола
Иако ретка, еболата важи за една од најсмртоносните болести и во повеќето случаи е фатална.
Настанува поради зараза со група вируси (orthoebolaviruses) кои се познати и под едно име - ебола вирус.
Првпат е забележана во Конго во 1976 година и оттаму се има распространети низ други делови од Африка, каде претставува еден од најголемите здравствени кризи на континентот.
Откриени се шест видови ебола вирус, од кои четири се пренесуваат на луѓе преку телесни течности.
По заразата, симптомите се јавуваат во две фази. Во првата фаза се јавуваат симптоми како болки по телото, треска и замор, а потоа следи многу пострашната, втора фаза.
Се јавуваат симптоми како повраќање, дијареја и крвавење од сите делови од телото.
Бидејќи вирусот го спречува згрутчувањето на крвта, внатрешното и надворешно крвавење може да предизвика силна болка.
Како што болеста напреднува, може да се појават сериозни и болни проблеми со дишењето, а по некое време дури и најмалото движење да биде болно.
За среќа, денес постои вакцина за ебола со што се намалува ризикот од зараза на места каде што вирусот вирее.
Беснило
Беснилото е уште една вирусна болест, дури и посмртоносна од ебола – речиси 100% штом ќе почнат да се појавуваат симптомите.
Беснилото предизвикува воспаление на мозокот и еден од првите симптоми кои се јавуваат е реска.
Потоа лицето со беснило може да се соочи со повраќање, гадење, неконтролирана возбуда, нагли и насилни движења …
Исто така, може да се појави и хидрофобија – екстремен страв од вода – поради што заразената личност ќе се соочи со екстремно чувство на жед.
По некое време, ќе се намалат моторичките функции и ќе настапи кома.
Добрите вести се дека денес постојат вакцини за беснило.
Па, ако ве гризне куче или какви било животно, особено диво, веднаш одете на лекар.
Ако реагирате пред да се јават симптомите, шансите за смрт се намалуваат драстично.
Прогресивна осифирачка фибродисплазија
Предизвикана од ретка генетска мутација, прогресивна осифирачка фибродисплазија е нарушување поради кое мускулното и сврзното ткиво во телото постепено се претвораат во коскено ткиво.
Како што напредува болеста, се ограничува движењето на телото, вклучително и на устата. Ова, пак, го отежнува јадењето, па лицата кои ја имаат болеста може да се соочат и со неисхранетост.
Поради формирањето на коскено ткиво околу белите дробови, значително се отежнува и дишењето.
Веројатно ви е јасно дека сето ова може да биде многу болно.
Повеќеот лица со болеста веќе се неспособни да се грижат за себе до 30-тата година.
Иако болеста сама по себе не е фатална, може да предизвика смрт на рана возраст доколку настанат компликации.
Но, како што спомнавме, ова е особено ретко нарушување.
Хантингтонова болест
Хантингтоновата болест е уште едно ретко генетско заболување поради кое невроните во мозокот постепено умираат.
Симптомите вклучуваат проблеми со сеќавањето и концентрацијата, промени во карактерот, но има и физички симптоми, како неволни движења или ограничено движење.
Заболувањето може да биде особено болно и да предизвикува мигрени и силни болки во мускулите.
Симптомите обично напредуваат бавно, но со текот на времето само се влошуваат.
Во последните фази од болеста, лицата веќе не можат да се грижат за себе и стануваат посклони кон други болни заболувања.
Бoлеста сама по себе не е фатална, но компликациите кои можат да настанат во подоцнежните стадиуми можат да бидат причина за смрт.
Некротизирачки фасциитис
Некротизирачки фасциитис претставува особено ретка, но сериозна бактериска инфекција која брзо може да стане животозагрозувачка.
Постојат неколку бактерии кои можат да ја предизвикаат болеста, а симптомите кои се јавуваат се црвенило на кожата кое се шири брзо, треска, но и многу силна болка.
Ако симптомите напреднат, состојбата на кожата почнува да се влошува и почуваат да се јавуваат рани и чирови.
Во последните фази од нетретираната болест, болката станува многу силна, може да се јави сепса и, на крај, откажување на органите.
Но, покрај тоа што е многу ретка, ако се третира навреме, болеста може да се излечи.
Во раните стадиуми се даваат антибиотици, а во посериозни случаи може да се направи и операција за да се отстрани заболеното ткиво пред бактериите да се прошират.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





