Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира?

Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно е да ги знаете симптомите и веднаш да одите на лекар ако ги забележите.

shto-e-vospaleno-slepo-crevo-i-koga-treba-da-se-operira-01.jpg

Сите сме слушнале за операција на слепо црево, а можеби и познавате некој на кого му била направена или, пак, ви била направена вам.

Ако сте немале искуство со овој проблем, сепак е добро да бидете информирани за да можете да реагирате навреме доколку има потреба.

Неколку работи што треба да ги знаете за воспалено слепо црево:

Што е слепо црево?

Слепото црево е орган кој всушност не ни е неопходен и до неодамна се веруваше дека нема апсолутно никаква функција бидејќи организмот продолжува да функционира нормално и по негово отстранување.

Експертите сметаа дека слепото црево е орган кој ни останал од нашите предци и поради еволуцијата, повеќе не ни е потребен.

Сепак, понови истражувања покажуваат дека можеби има улога во заштитата на дигестивниот систем, а сега се претпоставува и дека има и други функции.

Слепото црево е како продолжеток на дебелото црево и е со должина од десетина сантиметри.

И, може да предизвика проблем доколку се воспали.

shto-e-vospaleno-slepo-crevo-i-koga-treba-da-se-operira-02.jpg

Што е воспаление на слепото црево?

Најчесто причината за воспалување е блокада на внатрешната обвивка на слепото црево.

Поради оваа блокада, почнуваат да се акумулираат бактерии кои предизвикуваат воспаление, проследено со оток на слепото црево и болка.

Кога е воспалено, во слепото црево се акумулира и гној кој може и да се излее во организмот.

Затоа е важно доколку ги чувствувате симптомите, веднаш да одите на лекар.

shto-e-vospaleno-slepo-crevo-i-koga-treba-da-se-operira-03.jpg

Кои се симптомите на воспалено слепо црево?

Најчестиот симптом е ненадејна болка во долниот десен дел на стомакот.

Важно е да знаете дека болката може да се јави и во областа на папокот, па да се „придвижи“ кон долниот десен дел на стомакот.

Други симптоми кои можат да се јават се:

  • Болка која се влошува при кашлање, одење или нагли движења
  • Гадење и повраќање
  • Намален апетит
  • Треска која постепено се влошува
  • Констипација или дијареја
  • Подуен стомак
  • Гасови

shto-e-vospaleno-slepo-crevo-i-koga-treba-da-se-operira-04.jpg

Кога да одите на лекар и кој е изложен на поголем ризик?

Ако почувствувате нагла и силна болка во стомакот, задолжително одете на лекар.

Иако болките во стомакот се честа појава, кога се ненадејни и многу силни, обично се знак за некаков проблем, како воспалено слепо црево.

Слепото црево може да се појави на секоја возраст.

Сепак, повеќето случаи се забележани кај лица на возраст помеѓу 10 и 30 години.

Исто така, мажите имаат малку поголем ризик од воспаление на слепо црево.

shto-e-vospaleno-slepo-crevo-i-koga-treba-da-se-operira-05.jpg

Кои компликации можат да настанат?

Ако не се третира, воспаленото слепо црево може да предизвика сериозни компликации.

Најпрво, слепото црево може да пукне и поради ова гнојот и бактериите од него да се рашират низ стомакот.

Во овој случај, се прави итна операција за да се отстрани слепото црево и да се исчисти стомакот.

Исто така, ако слепото црево пукне, може да почне да се акумулира гној на едно место во стомакот – појава позната како апцес.

Во овој случај, лекарите обично прават дренажа на апцесот и препишуваат антибиотици.

Откако апцесот ќе се исчисти, најверојатно ќе се отстрани и слепото црево.

shto-e-vospaleno-slepo-crevo-i-koga-treba-da-se-operira-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg