Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испити“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-ne-mozham-da-zaboravam-smrt-na-blizok-i-da-pochnam-da-ucham-za-ispiti-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испити. Што да направам?“

Одговор од психолог Драгица Стаменковиќ:

Кога станува збор за смрт на блиска личност, невозможно е да ја заборавиме загубата, но она што е можно – е да научиме како да живееме после загубата.

Загуба на блиска личност е како загуба на дел од себе, после која на некој начин не сме целосни и имаме огромен предизвик да продолжиме да живееме изменети.

Тоа од нас бара сила и напор, прво да се справиме со загубата, потоа да ја прифатиме и на крај да научиме како да живееме со неа, односно без блиската личност.

Самиот процес на загуба поминува низ неколку фази, кои меѓусебно се преплетуваат, а тоа се: шок, неприфаќање, тагување и прифаќање.

Во првата фаза, која е веднаш после загубата, најчесто сме одделени од длабоката тага, како да не сме свесни што се случило. Во оваа фаза нашиот организам собира сила за да биде во состојба да се справи со предизвиците од следните фази.

Во втората фаза се случува емотивен вртеж, односно емоциите се менуваат од лутина, до бес, вознемиреност, до длабока тага и беспомошност. Оваа фаза на тагување е всушност најважната фаза од која зависи дали ќе останеме заглавени во тагата или ќе продолжиме напред, креирајќи некоја нова животна реалност.

Во таа нова реалност, загубата, доколку е оджалена, станува и прифатена, односно се помируваме со реалноста и градиме живот во којшто сме благодарни за времето поминато со загубената личност, се сеќаваме на убавите мигови, разговори и заеднички активности, го негуваме сеќавањето и продолжуваме да живееме со љубовта кон загубената личност во срцето.

Народот вели - саканите никогаш не умираат, ми се чини заради тоа што не умира љубовта кон нив.

Во конкретниот случај, многу е важно да се знае во кој фаза се наоѓате, кога се случила загубата и на кој начин.

Можеби е прерано да очекувате од себе дека може да продолжите со секојдневните активности на вообичаен начин или, пак, можеби преовладува вознемиреноста и не успевате да се фокусирате и сконцентрирате.

Ова се нормални реакции, но загубата за нас никогаш не е очекувана и „нормална“ случка, така што очекувањето од себе да се однесуваме „нормално“ е можеби преголемо очекување кое си го наметнуваме и истото може да предизвика уште поголема вознемиреност.

Секако, доколку подолго време не успевате да се вратите во секојдневните активности и тагата се одразува на значајни аспекти од вашиот живот, како што е учењето, посоветувајте се со блиска личност, поделете ги своите чувства или побарајте стручна помош, која ќе ви биде поддршка во процесот низ кој минувате

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Драгица Стаменковиќ, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg