Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт?
Според СЗО, проблемите за срцето се најчестата причина за смрт, и тоа со години наназад. Добрите вести се дека голем дел од срцевите заболувања можат да се избегнат со промена на животните навики.
За секоја година, Светската здравствена организација изготвува извештај за најчестите причини за смрт ширум светот.
Бидејќи станува збор за обемен извештај, последниот што е изготвен е од 2021 година.
Бидејќи тогаш бевме во екот на пандемијата, заразата со корона вирусот е наведена како втора најчеста причина за смрт.
Оттогаш, бројот на заразени, а со тоа и смртни случаи е драстично намален, што значи вирусот не се наоѓа ни во првите десет причини за смрт.
Останатите здравствени проблеми, од друга страна, неколку години наназад стојат на листатата, па се претпоставува дека ќе бидат и во извештаите за наредните години.
Кои се најчестите причини за смрт, според извештајот на СЗО?
Исхемична срцева болест
Со години наназад, најголемиот убиец е исхемичната срцева болест.
Ова заболување е предизвикано од недоволен доток на крв, познато како исхемија.
Исхемијата настанува поради стеснување на срцевите артерии – нешто што може да доведе и до инфаркт.
Можете да го намалите ризикот од проблеми со срцето ако сте физички активни, ја одржувајте ја оптималната тежина, јадете здрава храна и земате соодветна терапија доколку имате висок крвен притисок, холестерол или дијабетес.
Во 2021-ва, имало 9,1 милиони смртни случаи од исхемична срцева болест.
Мозочен удар
Мозочниот удар претставува прекин на дотокот на крв во мозокот.
Кога не е смртоносен, може да има влијание врз говорот и движењето, а закрепнувањето може да трае многу долго.
Бидејќи е еден од најголемите убијци, важно е ако вие или некој друг има мозочен удар, веднаш да оди на лекар.
За да го намалите ризикот од мозочен удар, треба да се грижите за целокупното здравје – да вежбате, да се храните здраво, да не претерувате со алкохол…
Исто така, важни се и редовните прегледи бидејќи со годините, артериите се стеснуваат и ризикот се зголемува.
Ризикот од мозочен удар е поголем и ако имате висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес.
Во 2021-ва, од мозочен удар починале околу 8 милиони луѓе.
Хронична опструктивна белодробна болест
Овој термин се однесува на група белодробни заболувања кои можат да го отежнат дишењето.
Својствено за заболувањата е што со текот на времето можат да се влошат и да предизвикаат сериозно оштетување на белите дробови.
Најчестите причини за болеста се изложеност на чад од штетни материи, но и пушењето.
Најдобриот начин да ги спречите болестите на белите дробови е да се држите настрана од каков било чад, но и да носите заштитна маска кога воздухот е многу загаден или ако работите на место со многу прашина, испарувања и слично.
Во 2021-ва, од овие заболувања починале околу три милиони луѓе.
Долни респираторни инфекции
Во оваа категорија спаѓаат разни заболувања на долните дишни патишта како ларингит, бронхит и слично.
Бидејќи станува збор за повеќе заболувања, има различни причини за нивно настанување вклучувајќи бактерии, вируси и габични инфекции.
Секој може да се соочи со ваква инфекција, но ризикот е поголем кај пушачи, лица над 65 години, луѓе со постоечки респираторни болести, луѓе со ослабен имунитет како оние со ХИВ, медицински лица кои се повеќе изложени на вируси и бактерии и слично.
За да се намали ризикот од ваквите инфекции, важно е често да ги миете рацете, особено кога ќе се вратите од надвор, да не се доближувате до лица кои се болни, но и да намалите со цигари.
Во 2021-ва, од респираторни инфекции починале околу три милиони луѓе.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





