Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Икање без престан и уште 6 помалку познати симптоми на мозочен удар кај жени

Екстремниот замор и гадењето, придружени со „вообичаените“ симптоми, како слабост во екстремитетите и отежнато зборување, можат да бидат знак за мозочен удар кај жени.

ikanje-i-ushte-6-pomalku-poznati-simptomi-na-mozochen-udar-kaj-zheni-01.jpg

Кога е во прашање мозочен удар, важно е да се реагира што е можно побрзо со цел да се намали ризикот од посериозно оштетување на мозокот.

Иако веројатно можете да ги познаете главните симптоми, како слабост во екстремитетите и отежнато зборување, треба да знаете дека симптомите можат да бидат поразлични кај жените.

Кај жените можат да се јават и други симптоми кои некогаш се и посуптилни.

Симптоми на мозочен удар што секоја жена треба да ги знае:

Икање

Веројатно икањето никогаш не би го поврзале со мозочен удар.

Но, икањето кое не престанува и е придружено со други симптоми, може да биде знак на мозочен удар.

Овој симптом се јавува бидејќи мозочниот удар може да има влијание врз делот од мозокот кој го контролира рефлексот за икање.

Важно е да се нагласи дека икањето генерално е честа и безопасна појава, но ако се јави заедно со други симптоми на мозочен удар, побарајте лекарска помош.

ikanje-i-ushte-6-pomalku-poznati-simptomi-na-mozochen-udar-kaj-zheni-02.JPG

Гадење или повраќање

Гадењето и повраќањето можат да бидат симптоми на разни проблеми – од реакција на храна, до ПМС или бременост.

Сепак, доколку покрај гадење чувствувате и симптоми како слабост во екстремитетите, проблеми со говорот и слично, може да биде знак за мозочен удар.

ikanje-i-ushte-6-pomalku-poznati-simptomi-na-mozochen-udar-kaj-zheni-03.JPG

Екстремен замор

Мозочниот удар може да предизвика и екстремен замор.

Денес заморот не е нешто невообичаено и обично жените го препишуваат на стрес, недоволен сон, менструален циклус и слично.

Кога е придружен со други симптоми на мозочен удар, тогаш не го игнорирајте.

ikanje-i-ushte-6-pomalku-poznati-simptomi-na-mozochen-udar-kaj-zheni-04.JPG

Болка во градите

Болката во градите обично се поврзува со инфаркт, но може да биде и симптом на мозочен удар.

Во случај на мозочен удар, болката е поблага и може да биде повремена – да се јавува и да прекинува – и е придружена со други симптоми на мозочен удар.

ikanje-i-ushte-6-pomalku-poznati-simptomi-na-mozochen-udar-kaj-zheni-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
„Кои мои навики мислев дека се нормални, а всушност биле симптоми на АДХД?“ „Ќе кажам само: чувствителност на одбивање и критики. Не знаев дека не сите луѓе...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg