Икање без престан и уште 6 помалку познати симптоми на мозочен удар кај жени
Ненадејна збунетост и промени во однесувањето
Збунетоста е симптом што често се поврзува со мозочен удар, но покрај ова, може да се јават и раздразливост, чувство на страв и фрустрација, гнев, анксиозност…
Ако одеднаш ги забележите овие емоции и се невообичаени за вас, а притоа чувствувате и други симптоми, треба да побарате помош.
Силна, необјаснива главоболка
Жените се посклони кон мигрени, па затоа се случува да ги игнорираат кога се знак за мозочен удар.
Ненадејната главоболка, која е многу, многу силна и никако не поминува, може да биде знак за мозочен удар.
Чувство на слабост
Обично се верува дека мозочниот удар предизвикува слабост во екстремитетите на едната страна.
Но, кај некои лица, особено жените, може да се јави слабост во сите екстремитети.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





