Мозочен удар, рак на бели дробови: Кои болести се најчестата причина за смрт?

Рак на трахеја, бронхии и бели дробови

Кај овие видови рак, симптомите не се јавуваат во раните стадиуми, што значи во повеќето случаи се дијагностицираат многу доцна.

Лицата со еден од вие ракови можат да живеат со години без да бидат свесни за болеста.

Симптомите може да се јават дури откако ракот ќе почне да се шири и на другите делови од телото. И, токму ова ги прави толку смртоносни.

За да се намали ризикот од овие видови рак, треба да се држите настрана од чад и какви било штетни материи што може да се вдишат.

Во 2021-ва, од овие видови рак починале околу два милиони луѓе.

mozochen-udar-rak-na-beli-drobovi-koi-bolesti-se-najchestata-prichina-za-smrt-06.JPG

Деменција

Деменцијата не е една болест, туку збор кој опишува губење на сеќавањето, способноста за говор и други способности за нормално функционирање.

Односно, зброт деменција се користи за заболувања кои предизвикуваат абнормални промени на мозокот.

Алцхајмеровата болест е најчестото од овие заболувања.

Причината за високата стапка на смртност е тоа што за дементните заболувања нема лек, а притоа го ослабуваат и имунитетот.

Па, лицата со деменција се посклони кон сериозни компликации од болести како грип.

Од Алцхајмер и слични заболувања, починале околу 2 милиони луѓе во 2021-ва.

mozochen-udar-rak-na-beli-drobovi-koi-bolesti-se-najchestata-prichina-za-smrt-07.JPG

Дијабетес

Дијабетесот е состојба при која телото, односно панкреасот не лачи доволно инсулин за да го регулира нивото на шеќер во крвта.

Постојат два типа дијабетес – тип 1 кој е вроден и тип 2 кој се развива од други фактори.

Постои и гестациски дијабетес кој се јавува за време на бременост.

Дијабетесот е болест којашто може да се контролира и, во зависност од типот, и да се излечи.

Но, го зголемува ризикот од проблеми со срцето, мозочен удар и оштетување на нервите, особено кога не се прима соодветна терапија.

Од дијабетес починале околу 1,5 милиони луѓе во 2021-ва.

mozochen-udar-rak-na-beli-drobovi-koi-bolesti-se-najchestata-prichina-za-smrt-08.JPG

Заболувања на бубрезите

Постојат разни заболувања на бубрезите кои доколку напреднат, можат да ја намалат функцијата на овие органи и да ги оштетат.

Бубрезите се како филтер на нашето тело, па кога не функционираат, во организмот почнуваат да се таложат секакви штетни материи и по некое време може да настапи смрт.

Важно е да знаете дека не секое заболување на бубрезите е смртоносно – со денешната медицина, има лек за повеќето проблеми.

Од заболувања на бубрезите, во 2021-ва починале нешто помалку 1,5 милиони луѓе.

mozochen-udar-rak-na-beli-drobovi-koi-bolesti-se-najchestata-prichina-za-smrt-09.JPG

Туберкулоза

Туберкулозата е сериозно заболување главно на белите дробови предизвикано од бактерија.

Повеќето заразени успеваат да се излечат, но во некои ситуации, особено кај лица со респираторни проблеми, болеста може да предизвика сериозно оштетување на белите дробови и ова ја прави толку смртоносна.

Од туберкулоза починале околу 1,5 милиони луѓе во 2021-ва.

mozochen-udar-rak-na-beli-drobovi-koi-bolesti-se-najchestata-prichina-za-smrt-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
8 можни знаци за дијабетес кои не треба да ги игнорирате Необјасниво слабеење, замаглен вид, но и темна и задебелена кожа на вратот, пазу...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg