8 можни знаци за дијабетес кои не треба да ги игнорирате
Необјасниво слабеење, замаглен вид, но и темна и задебелена кожа на вратот, пазувите или препоните - кои се другите можни знаци за дијабетес?
Постојат три видови дијабетес – тип 1, тип 2 и гестациски.
Дијабетес тип 1 е автоимуна болест која се јавува кога имунолошкиот систем ги уништува клетките на панкреасот кои создаваат инсулин.
Овој тип обично се јавува кај деца и адолесценти, но во поретки случаи може да се јави и кај возрасни.
Дијабетес тип 2 настанува кога нивото на шеќер во крвта е премногу високо и некогаш може да се јави поради лоши животни навики.
Гестацискиот дијабетес е состојба која се јавува за време на бременост и се карактеризира со зголемено ниво на гликоза во крвта.
Овој тип обично поминува кога ќе помине и бременоста.
Само лекар може да ви дијагностицира дијабетес, но важно е да бидете свесни за симптомите, особено ако не внимавате многу на здравјето или имате семејна историја на болеста.
Дел од најчестите знаци дека можеби имате дијабетес:
Потемнета и задебелена кожа
Ако забележите потемна и задебелена кожа на телото, особено на вратот, пазувите и препоните, може да станува збор за дијабетес.
Некогаш оваа состојба се јавува и без конкретна причина, но некогаш е поврзана со дијабетес.
Необјасниво слабеење
Дури и ако забележувате зголемен апетит, ако имате дијабетес, можно е да ослабите.
Кај лица со дијабетес, шеќерите од храната не се апсорбираат правилно, па телото почнува да ги разградува масните наслаги и мускулите за енергија.
Замаглен вид
Високото ниво на шеќер во крвта може да има влијание и врз очите и некогаш да предизвика замаглен вид.
Ако некој период го забележувате овој симптом, заедно со други, задолжително консултирајте се со лекар.
Чешање и иритација на кожата
Дијабетесот може да предизвика и промени во кожата, обично карактеризирани како осип кој чеша.
Осипот најчесто се јавува на задникот, лактите и колената, но може да се појави и на други делови од телото.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





