Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира?
Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Таа може да биде поголема или помала. Може да стане поголема при смеење, кашлање, плачење или при одење во тоалет, а може да се намали во лежечка позиција.
Папочната кила настанува кога дел од цревата излегуваат низ отворот на стомачните мускули кои се наоѓаат околу папокот, и се појавува како безболна грутка во или околу оваа област.
Папочната кила е многу честа кај доенчињата и малите деца, особено кај бебињата родени предвреме.
Во многу случаи, папочната кила се враќа и мускулите повторно се затвораат во периодот додека детето наполни 4 или 5 години.
Таа може да се развие и кај возрасните, а доколку не се третира, најверојатно ќе се влоши со текот на времето.
Симптоми и дијагностицирање на папочна кила
Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Таа може да биде поголема или помала.
Може да стане поголема при смеење, кашлање, плачење или при одење во тоалет, а може да се намали во лежечка позиција.
Лекарите ја дијагностицираат папочната кила барајќи испакнатина или оток во пределот на папокот.
Испакнатината обично станува поголема кога бебето ќе се напрега и плаче и исчезнува кога ќе се опушти или легне на грб.
Лекарот може да се обиде нежно да ја масира килата за да ја намали, а онаа кила што може да се масира назад на своето место се нарекува „намалена“.
Ова покажува дека цревото не е заглавено во отворот на мускулниот ѕид.
Секако, не смеете сами на своја рака да го правите ова.
Како се третира папочната кила?
Повеќето случаи на папочна кила не се причина за грижа и исчезнуваат без медицински третман додека детето наполни 4-5 години.
Операција се прави доколку:
- Килата не се повлече до 4-5 годишна возраст
- Килата станува затворена, односно не може лесно да се намали
За да оперираат, лекарите ќе стават анестезија за детето да спие во текот на процедурата и да не чувствува никаква болка. Се прави мал засек на кожата и килата се поместува назад каде што припаѓа. Потоа се затвора засекот.
И во домашни услови може да се турка килата наназад, но не треба да се ставаат никакви лепенки или што било друго за да се држи во таа позиција, зашто тоа може да предизвика дополнителни проблеми.
Затоа, секогаш лекарот треба да ви биде првиот избор кој ќе ве насочи во тоа дали и како треба да ја третирате килата во домашни услови.
Во кои случаи итно треба да посетите лекар?
Секогаш следете ја килата и внимавајте на тоа дали се менува.
Јавете се на лекар ако:
- Не се повлече до 5-годишна возраст
- Станува поголема, отечена или многу тврда
- Излегува и детето кога спие мирно и не може да се турне наназад
- Ви изгледа дека детето има болки
- Има болки при допир на килата
- Кожата над килата е црвена или изгледа потемна од вообичаено
Никогаш не преземајте ништо на своја рака и за најдобра дијагноза, третман и понатамошни инструкции, секогаш советувајте се со вашиот лекар!
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com