Како да го одвикнете детето од грицкање нокти?

Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба да се прекине, особено затоа што може да предизвика инфекции и проблеми со забите.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-da-se-odvikne-od-grickanjeto-nokti-01.jpg

Навиката за грицкање нокти е често присутна кај возрасните, но и кај малите деца. А, оваа навика е нехигиенска и проблематична за здравјето на детето.

Со текот на времето, оваа навика може да се изгуби, но кај некои деца таа останува до подоцна во животот, па дури е присутна и кога се возрасни личности.

Неколку стратегии кои може да ви помогнат да го одвикнете вашето дете од грицкање нокти:

Зборувајте отворено за негативностите од оваа навика

Можеби детето несвесно ги грицка ноктите, па најдобро е прво отворено да зборувате за тоа.

Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба да се прекине, особено затоа што може да предизвика инфекции и проблеми со забите.

Исто така, може да зборувате поопширно за хигиената и да го запознаете со тоа дека не е добро да ги става прстите во уста.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-da-se-odvikne-od-grickanjeto-nokti-02.jpg

Редовно сечете ги ноктите

Сечете ги редовно ноктите, така што детето ќе нема што да грицка, а и ќе бидете сигурни дека бактериите и нечистотиите кои се наоѓаат под ноктите детето нема да ги внесе во својот организам.

Измислете си ваша игра

Наместо постојано да му зборувате на детето да не ги грицка ноктите, измислете некоја игра со која ќе го поттикнете да прекине.

На пример, може да изберете одреден збор или специфичен допир со кое детето ќе се потсети дека треба да престане со грицкање на ноктите.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-da-se-odvikne-od-grickanjeto-nokti-03.jpg

Понудете му замена

Помогнете му на детето да ги држи рацете зафатени со други работи. На пример, нека држи гумени топчиња.

Ова може добро да функционира ако детето ги грицка ноктите поради стрес или анксиозност.

Користете систем на наградување

Секој ден кога детето нема да ги грицка ноктите, понудете му мала значајна награда или заедно одбројувајте ги деновите во одредена табела.

Поставете си цел и заедно настојувајте што побргу да ја остварите.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-da-se-odvikne-od-grickanjeto-nokti-04.jpg

Изберете нови забавни активности

Ако детето ги грицка ноктите од досада, предложете му нови активности. Боенки, табла за цртање, сложувалки…

Сето ова ќе ја поттикне креативноста и ќе остави помалку слободно и време за досада.

Исто така, во периодите кога на детето му е досадно, може да излезете во парк, да возите велосипед, заедно да готвите…

Зошто детето ги грицка ноктите?

Повеќето експерти го опишуваат грицкањето нокти како навика за која детето не е ни свесно.

Навиките се развиваат поради три главни причини:

Досада. На детето на кое му е здодевно може да почне да ги грицка ноктите затоа што нема нешто друго да прави.

Ослободување од стрес. Некои деца ги грицкаат ноктите во непријатни ситуации и кога сакаат да се ослободат од стресот (нешто слично како посегнување по чоколадо).

Релаксирање. Некои деца го цицаат палецот за да заспијат, додека други може да ги грицкаат своите нокти.

Најчесто не треба да ве загрижува оваа навика, но треба да му помогнете на детето да се ослободи од неа поради тоа што таа може да биде штетна за забите, но и на тој начин да внесе различни бактерии кои се штетни за здравјето.

kako-da-mu-pomognete-na-deteto-da-se-odvikne-od-grickanjeto-nokti-05_copy.jpg

М. Ѓ.| Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg