Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете

Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на денот, зашто хидратацијата помага да се омекне столицата. Понудете му на детето вода, разредени овошни сокови (свежо исцедени), лимон со вода и слично.

soveti-i-trikovi-so-koi-vo-domashni-uslovi-kje-mu-pomognete-na-deteto-koga-ima-zapek-01.jpg

Запекот кај децата е честа грижа кај родителите, кои посегнуваат по различни лекови со цел да им помогнат на нивните малечки.

Запекот предизвикува чувство на непријатност и вознемиреност, при што на детето му се нарушува секојдневното функционирање.

Но, покрај лековите издадени во аптека, може да се одлучите за некои домашни начини и трикови кои честопати може да помогнат при таа состојба.

Неколку ефективни совети кои може да ги пробате во домашни услови (секако, зависно возраста на детето одлучете дали се во ред):

Зголемете го внесот на диетални влакна

Зголемувањето на внесот на диетални влакна е еден од најефикасните начини за ублажување на запекот кај децата.

Вклучете храна богата со хранливи влакна, како целозрнеста храна, овошје и зеленчук во нивното секојдневие.

Исто така може да подготвите и смути богато со хранливи влакна, за да помогнете во ублажувањето на запекот кај децата.

Измешајте овошје со јогурт и една лажичка мелено ленено или чиа семе.

Погрижете се да бидат доволно хидрирани

Дехидратацијата може да го влоши запекот. Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на денот, зашто хидратацијата помага да се омекне столицата.

Понудете му на детето вода, разредени овошни сокови (свежо исцедени), лимон со вода и слично.

soveti-i-trikovi-so-koi-vo-domashni-uslovi-kje-mu-pomognete-na-deteto-koga-ima-zapek-02.jpg

Јогуртот и пробиотиците се од голема корист

Пробиотиците може да помогнат во регулирање на дигестивниот систем и одржување на здрава цревна флора.

Пробиотските јогурти може да бидат вкусен начин да ги внесете овие корисни микроорганизми во исхраната на вашето дете.

Ако детето не сака да пие обичен јогурт, може да го комбинирате со овошје и слично.

soveti-i-trikovi-so-koi-vo-domashni-uslovi-kje-mu-pomognete-na-deteto-koga-ima-zapek-04.jpg

Внимавајте на начинот на подготвување на храната

Ако вашето дете има запек, дајте му варена храна, а не сурова, зашто таа може да биде потешка за негово варење.

Намалете ја количината на шеќер која ја консумира детето и исфрлете ги од неговата исхрана сите непотребни грицки, барем додека има запек.

Дајте му топли, свежо зготвени оброци за подобро варење.

Кога е време да посетите лекар?

Иако овие домашни лекови може да бидат доста корисни, од клучно значење е да се следи состојбата на вашето дете.

Ако запекот трае подолго време или е придружен со тешки симптоми, како болка во стомакот, крв во столицата или губење на тежината, веднаш консултирајте се со педијатарот.

Тој може да ви даде насоки како да продолжите понатаму и да ви препорача соодветни третмани.

vsoveti-i-trikovi-so-koi-vo-domashni-uslovi-kje-mu-pomognete-na-deteto-koga-ima-zapek-03.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg