Здрави положби за спиење кои многу луѓе не ги практикуваат (или не ги знаат)
По долгиот и напорен ден, здравиот сон од барем 6 часа, без будење и прекинување е многу важен. Но, подеднакво е важна и положбата во која спиете, за телото да ви се опушти, а вие да си ја вратите енергијата.
Си доаѓате дома од работа или излегување и бидејќи сте изморени, само сакате да го земете ќебето и да си легнете.
Но наместо само да се покриете и да се препуштите на моментот, светно изберете една од овие 5 положби, која ќе му годи на телото.
Како да легнете за мирен сон и правилна положба на телото?
Спиење на грб за лице без брчки
Многу луѓе не сакаат или не можат да спијат на грб зашто оваа положба им е неудобна.
Но, сепак, таа има многу предности - ја зацврстува кичмата, ја намалува напнатоста во вратот, но ја спречува и појавата на брчки, бидејќи не спиете легнати на лице, а со тоа избегнувате и „збрчкување“ на кожата.
Но, запомнете - ако спиете на грб, препорачливо е да имате ортопедска перница.
Екстра перница за да ја опуштите кичмата
Спиењето на грб е здраво, но препорачливо е да спиете на рамна и поцврста подлога.
Ако не спиете на тврд душек, тогаш земете уште една перница, која ќе ја ставите под колената и која ќе ви го исправи телото, а ќе ви ја опушти и кичмата.
Спиење без перница
Функцијата на перницата е да ја поддржува главата во текот на спиењето за таа да биде на некоја иста линија со телото.
Но, ако спиете на стомак, тогаш е препорачливо да ја тргнете перницата и на тој начин да ја минимизирате тензијата во телото (иако спиењето на стомак се смета за најнездрава положба од сите).
Ja гушкате перницата
Кога спиете на страна, сигурно често ја гушкате перницата или ја ставате раката под неа.
Но, ако спиете на овој начин, тогаш земете уште една перница (налик на оние што ги користат жените во бременоста) и поставете ја меѓу нозете и торзото за да ја исправите кичмата, а телото да биде во својата природна положба.
Форма на фетус
За многумина спиењето во форма на фетус е најудобна од сите.
Оваа положба има и голема предност, бидејќи на овој начин се истегнува грбот и се намалуваат евентуалните болки што ги чувствувате.
Затоа, особено при заспивање, лекарите најмногу препорачуваат да си легнете во оваа положба.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





