5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето

Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите количеството сол. Што друго ќе ви помогне да го избегнете отекувањето на нозете во текот на летото?

5-raboti-shto-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-leto-01.jpg

Многу фактори може да предизвикаат отекување на нозете, а еден од главните е дехидратацијата.

Кога сме дехидрирани, телото се обидува да зачува колку што е можно повеќе течност, па водата се акумулира во ткивата.

Отекувањето на телото и екстремитетите може да биде предизвикано од долго седење или стоење, особено при високите температури, што може да го зголеми притисокот врз вените на нозете или стапалата.

Потоа циркулацијата се намалува и течноста се акумулира, па доаѓа до оток.

Одредени здравствени состојби, како што се срцеви заболувања и болести на бубрезите и црниот дроб, исто така можат да придонесат за отекување на стапалата.

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-tekot-na-letoto-02.jpg

За среќа, постојат неколку работи што можеме да ги направиме за да се ослободиме од овој многу непријатен проблем или барем да го ублажиме:

Избегнувајте ги жештините доколку е можно

Ако ви отечат стапалата, обидете се да се оладите со седење во климатизирана и затемнета просторија. 

Прскање со спреј за разладување може да ви помогне.

На крајот од секое туширање исплакнете ги нозете со студена вода за подобра циркулација.

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-tekot-na-letoto-03.jpg

Внимавајте што јадете

За да ја намалите можноста да ви отечат стапалата и глуждовите јадете храна со малку натриум. 

Здравата и балансирана исхрана, без пржена, похована, солена и мрсна храна исто така може да биде од помош.

Потрудете се да консумирате што е можно повеќе свежо овошје и зеленчук и, секако, храна која содржи повеќе вода, како краставици, домати, лубеница...

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-tekot-na-letoto-04.jpg

Пијте повеќе вода

Бидејќи неретко главната причина за отечени стапала е дехидратацијата, многу е важно телото да остане хидрирано и да пиете доволно течности за организмот полесно да го исфрли вишокот сол.

Во исто време, важно е да не пиете половина шише вода одеднаш, туку почесто да пиете во помали голтки - во спротивно сè ќе исфрлите многу брзо преку урината, наместо водата да стигне таму каде што е потребно.

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-tekot-na-letoto-05.jpg

Подигнете ги нозете

Ако сте склони кон отоци, кревајте ги стапалата колку што е можно почесто во текот на денот, по можност на мека површина како перница.

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-tekot-na-letoto-06.jpg

Вежбајте

Не е неопходно да се тренира долго и напорно, но вежбањето многу ќе помогне при овој проблем.

На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата, а особено е корисно да вежбате наутро, веднаш штом ќе станете.

5-raboti-koi-treba-da-gi-pravite-za-da-sprechite-otekuvanje-na-nozete-vo-tekot-na-letoto-07.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pixabay.com, pexels.com 

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg