Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници?

Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од помфритот, а се исто вкусни.

kako-da-se-hranite-pozdravo-bez-da-broite-kalorii-i-da-si-zabranuvate-namirnici-01.jpg

Сите ние живееме живот со брзо темпо, па затоа најчесто се запоставаме себеси и грижата за нашето здравје.

Најчесто немаме време за готвење, па јадеме готова храна или што ќе ни се најде.

Доброто здравје и исхрана се базира на малите одлуки кои ги правиме секојдневно. На пример, ако денес одлучиме да не претеруваме со благото и да одвоиме 15 минути за да си подготвиме оброк, телото ќе ни биде благодарно за таа одлука во многу скоро време.

Не треба постојано да чекаме понеделник или нов месец за да почнеме да се храниме поздраво, треба само да имаме волја и да бидеме упорни. 

Неколку трикови кои ќе ви помогнат да се храните поздраво:

Намалете со засладени пијалаци

Колку и да звучи тешко и невозможно, можеби токму ова е тоа што не ви дозволува да ги намалите килограмите или пак да се чувствувате подобро.

Не мора целосно да се откажете од засладени пијалаци, но повеќе давајте им предност на чаеви и обична вода.

Јадете многу свежо овошје и зеленчук

Пробајте со секој оброк да изедете и свежа салата. Наутро, пак, со појадокот, изедете и некое овошје.

kako-da-se-hranite-pozdravo-bez-da-broite-kalorii-i-da-si-zabranuvate-namirnici-02.jpg

Почесто печете ја храната, наместо да ја пржите

Печената храна е многу поздрава од пржената и сите го знаеме тоа. Кога го пржиме компирот во него не останува никаква нутритивна вредност, за разлика кога го јадеме печен или варен.

Почесто јадете риба

Рибата е одличен извор на омега 3 масни киселини. Затоа консумирајте ја барем еднаш неделно.

kako-da-se-hranite-pozdravo-bez-da-broite-kalorii-i-da-si-zabranuvate-namirnici-03.jpg

Јадете во помали чинии

Научно е докажано дека кога користиме поголеми чинии, јадеме повеќе.

Малите чинии полесно ќе ги исполниме со храна, а самата помисла дека сме изеле цела полна чинија нема да не натера да посегнеме по уште една порција.

Следете го правилото 80/20

Многу од познатите личности се водат по ова правило - 80% здрава храна и 20% слатки задоволства и брза храна.

Ова правило е препорачано од многу нутриционисти и се смета за најправилен начин на исхрана бидејќи ќе се храните здраво без да си забранувате одредени намирници.

kako-da-se-hranite-pozdravo-bez-da-broite-kalorii-i-da-si-zabranuvate-namirnici-04.jpg

Пијте вода со лимон

Водата со лимон е многу здрава и препорачлива навика. Најдобро е да ја пиете наутро, на празен стомак, затоа што на тој начин ќе го забрзате метаболизмот.

Јадете колку што можете поразнобојно

Колку повеќе бои во чинијата, толку повеќе витамини.

Секогаш гледајте да јадете што е можно поразнобојно и експериментирајте со зеленчукот.

kako-da-se-hranite-pozdravo-bez-da-broite-kalorii-i-da-si-zabranuvate-namirnici-05.jpg

Не претерувајте со алкохолот

Алкохолот е добра опција кога сакаме да се опуштиме, но секогаш треба да внимаваме во колку големи количини го консумираме и да не претеруваме, затоа што содржи многу ферментирани шеќери во него.

Не си ги забранувајте слатките задоволства

Сите знаеме дека не треба да претеруваме со благото и шеќерите, но не смееме целосно да си ги забраниме.

Ако целосно си забраните благо, многу е поверојатно дека ќе го прекршите ова правило. Па, одвреме-навреме дозволете си чоколадо, сладолед или што било што сакате.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg