Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто)

Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, одреден вид храна исто така е добар избор, како домати и тиквички.

hrana-shto-go-hidrira-teloto-i-treba-da-ja-jadete-pochesto-01.jpg

Хидрирањето на телото е од особена важност за целокупното здравје.

Но, понекогаш забораваме и не пиеме доволно течности, особено во летните месеци кога ни треба дополнително количество вода.

Покрај ова, и одреден вид храна може да помогне да се задоволат потребите за течности, а тоа се намирници кои имаат висока содржина на вода, како овошје и зеленчук.

Храна што го хидрира телото:

Праски

Праските се одлична ужинка и се полни со вода и тоа околу 89%.

Покрај тоа што имаат висока содржина на вода, праските се преполни со витамини и хранливи материи, вклучувајќи витамин Ц, витамин А и калиум.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-02.jpg

Краставици

Не само што се одлични за вашата кожа, туку краставиците се и супер хидратантни.

Овој зеленчук содржи приближно 95% вода, што ги прави одличен избор за секого.

Освен тоа, содржат и витамини и хранливи материи, но и електролити.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-03.jpg

Тиквички

Тиквичките содржат приближно 95% вода, што ги прави одличен избор за хидрирање на телото.

Во секојдневната исхрана може да ги вклучите на многу различни начини, а покрај тоа што ќе ве хидрираат, тие содржат и витамин Ц и Б6.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-04.jpg

Домати

Дали сте љубители на домати?

Па, тие се една од најхидратантните намирници со 95% концентрација на вода.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-05.jpg

Компири

Компирите се изненадувачки хидратантни, што ги прави одличен избор на храна.

Компирите приготвени на пареа или печените, обично задржуваат повеќе вода од пржените.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-07.jpg

Диња

Дињата содржи околу 90% вода и исто така е добар извор на витамини А и Ц.

Дињата содржи и калиум кој помага да се одржи балансот на електролити и правилното функционирање на мускулите.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-08.jpg

Супи

Супата, без разлика дали е со тестенини, со зеленчук или месо, може да биде многу хидратантна бидејќи основата секогаш ѝ е вода.

Истото важи и за сите чорбести јадења и манџи.

hrana-za-koja-mozhebi-ne-ste-znaele-deka-e-dobra-za-hidriranje-na-teloto-09.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат? Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Дали вегетаријанскиот начин на исхрана е безбеден за деца (и како да го примените)? Ако од кои било причини одлучите вашето дете да следи вегетаријански начин на ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg