Витамини кои се неопходни за женското здравје + во која храна се наоѓаат?

Фолната киселина е особено важна за бремените жени, додека антиоксидантите можат да го забават стареењето и се добри за целокупното здравје.

vitamini-koi-se-neophodni-za-zhenskoto-zdravje-vo-koja-hrana-se-naogjaat-01.jpg

Балансираната исхрана е клучна за добро здравје, но жените треба да обрнат посебно внимание на одредени витамини.

Кои спаѓаат овде?

Антиоксиданти

Во антиоксиданти спаѓаат облиците на витамин А, како и витамините Ц и Е.

Тие го штитат телото од таканаречените слободни радикали – мали честички кои се формираат во телото и можат да ги оштетат клетките.

Антиоксидантите можат да спречат одредени проблеми со здравјето бидејќи го зајакнуваат организмот, па и да го забават стареењето.

Добри извори на витамин А вклучуваат кајсии, моркови, папаја, праски, тиква, црвени пиперки, спанаќ и домати.

Намирници богати со витамин Ц се брокула, грејпфрут, киви, портокали, пиперки, јагоди и домати.

Витаминот Е се наоѓа во јаткасти плодови, путер од кикиритки, семки од сончоглед

vitamini-koi-se-neophodni-za-zhenskoto-zdravje-vo-koja-hrana-se-naogjaat-02.JPG

Б витамини

Постојат неколку витамини од групата Б, но три од нив – Б6, Б12 и фолна киселина – се особено важни.

Витаминот Б6 е добар за мозокот и помага во конвертирањето на храната во енергија.

Најдобро е да го примате преку храна, како компири, наут, авокадо, банана, грав, овес и пилешко месо.

Витаминот Б12 помага во создавањето на црвените крвни зрнца и е добар за метаболизмот.

Се наоѓа во намирници како млечни производи, јајца, риба, месо и млеко.

Ако сте анемични или следите вегански начин ан исхрана, препорачливо е да се консултирате со лекар за суплементи.

Фолната киселина е добра за здравјето на мозокот и ’рбетниот столб, а помага и во создавањето ДНК и РНК.

Ги спречува и промените во ДНК кои можат да водат до рак.

Фолната киселина е особено важна за бремени жени бидејќи спречува разни дефекти кај плодот.

Фолната киселина се наоѓа во зелен лиснат зеленчук, цитрусно овошје, јагоди, наут, грав, јајца

vitamini-koi-se-neophodni-za-zhenskoto-zdravje-vo-koja-hrana-se-naogjaat-03.JPG

Витамин Д

Витаминот Д помага во распределувањето на фосфорот и калциумот во крвниот систем.

Кога во телото нема доволно витамин Д, организмот почнува да користи калциум и фосфор од коските и со текот на времето тие ослабуваат.

Витаминот Д се наоѓа во храна како јајца и риба, особено лосос.

Бидејќи главно доаѓа од животинско потекло, консултирајте се со лекар доколку следите вегански или вегетаријански начин за исхрана за суплементи.

vitamini-koi-se-neophodni-za-zhenskoto-zdravje-vo-koja-hrana-se-naogjaat-04.JPG

Витамин К

Витаминот К е важен за коските, а кај повозрасните жени го регулира згрутчувањето на крвта.

Во намирници богати со витамин К спаѓаат зелен лиснат зеленчук, брокула, спанаќ и рибино масло.

vitamini-koi-se-neophodni-za-zhenskoto-zdravje-vo-koja-hrana-se-naogjaat-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg