Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето

Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете свртени на левата страна.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-01.jpg

Нашето здравје зависи од многу фактори.

Но, ако имате симптом кој не е поврзан со сериозен здравствен проблем, како вкочанет грб, можете да си помогнете со промена на положбата на спиење.

Во која положба да спиете за разни проблеми со здравјето?

Болка во грбот

Положбата во овој случај може да биде индивидуална, односно вие треба да оцените како ви е најудобно.

Но, можете и да пробате да спиете на грб, така што ќе ставите перница под колената, како и крпа свиткана во ролна под половината.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-02.jpg

Болка во рамото

Важно е да не спиете на страната на болното рамо за да не создавате непотребен притисок.

Легнете на другата страна и свиткајте ги нозете.

Со рацете прегрнете перница, а друга перница ставете помеѓу колената.

Ако ве болат и двете рамена, тогаш најдобро е да спиете на грб.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-03.jpg

Проблеми со синусите

Спијте на повисока перница или врз две-три перници.

Со оваа положба синусите нема да ви се затнат во текот на ноќта и ќе ви биде поудобно.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-04.jpg

Главоболка

Знаевте ли дека ако спиете во погрешна положба, главоболката може и да ви се влоши?

Најдобро е да легнете на грб, а околу главата да ставите неколку перници.

На овој начин ќе го ограничите движењето на вратот, а со тоа ќе се намали главоболката.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-05.jpg

Менструални болки

Ако имате многу силни менструални болки, немојте да трпите и напијте се нешто против болка.

Но, ако болките се издржливи и не ви дозволуваат да заспиете, легнете на грб со перница под колената.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-06.jpg

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок е нешто за коешто мора да се консултирате со лекар и не треба да очекувате да го регулирате само со положба за спиење.

Но, положбата на спиење може колку-толку да биде од помош.

Истражувањата покажале дека притисокот може да се намали кога спиеме на стомак. Сепак, тоа не значи дека кај секого функционира исто, па доколку не ви годи, не го практикувајте. 

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-07.jpg

Проблеми со дигестија

Поради анатомијата на желудникот, ако спиете на десната страна, тогаш киселината од него може да се врати во хранопроводот и да предизвика мачнина.

Што значи, најдобро е да спиете на левата страна, а можете да ставите и перница помеѓу колената.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-08.jpg

Болка во вратот

Во овој случај важно е да му дадете поддршка на вратот и да го избегнете движењето во ноќта.

Спијте на грб, со крпа свиткана во ролна под вратот.

polozhbi-na-spienje-koi-pomagaat-pri-razni-problemi-so-zdravjeto-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Од тагата страдаат белите дробови, од стравот бубрезите – Како емоциите влијаат врз органите во тело... Според традиционалната кинеска медицина емоциите се длабоко поврзани со здравјет...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Болки во 'рбетот и зглобовите: Дали се наследни и што помага да исчезнат? Спортските активности може да ја влошат болката во 'рбетот и зглобовите доколку ...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg