Дали вегетаријанскиот начин на исхрана е безбеден за деца (и како да го примените)?

Ако од кои било причини одлучите вашето дете да следи вегетаријански начин на исхрана, тогаш важно е да обезбедите добро испланирани и избалансирани оброци, богати со потребните хранливи материи. Пред промената на исхраната, задолжително консултирајте се и со лекар.

vegetarijanski-nachin-na-ishrana-kaj-decata-dali-e-bezbeden-i-na-shto-osobeno-treba-da-se-obrne-vnimanie-01.jpg

Најчесто, родителите кои се вегетаријанци, може да се прашуваат дали децата може да следат вегетаријански начин на исхрана и сепак да ги добијат потребните хранливи материи кои им се потребни за да пораснат здрави и силни.

Многу од експертите се согласуваат со тоа дека добро испланираната и балансирана вегетаријанска исхрана, може да биде многу здрав начин на исхрана за луѓето од сите возрасти.

Видови вегетаријанска исхрана

Постојат различни видови на вегетаријанска исхрана:

  • Лакто-ово вегетаријанците не јадат месо, живина или риба, но јадат јајца и млечни производи.
  • Лакто-вегетаријанците не јадат месо, живина, риба или јајца, но јадат млечни производи.
  • Ово-вегетаријанците не јадат месо, живина, риба или млечни производи, но јадат јајца.
  • Веганите не јадат месо, живина, риба, јајца, млечни производи или други животински производи.

Многумина сакаат да јадат помалку месо. Некои луѓе кои престануваат да јадат црвено месо, но јадат живина или риба, се сметаат себеси за полувегетаријанци, понекогаш наречени флекситарци.

Луѓето кои следат вегетаријанска исхрана, но јадат риба и морски плодови, се нарекуваат пескатаријанци.

vegetarijanski-nachin-na-ishrana-kaj-decata-dali-e-bezbeden-i-na-shto-osobeno-treba-da-se-obrne-vnimanie-02.jpg

Како треба да изгледа добро испланирана вегетаријанска исхрана кај децата?

Како и кај сите деца, така и на децата кои следат вегетаријански начин на исхрана, за здрав раст и развој потребна им е разновидна храна.

Секој ден, на децата им треба:

Зеленчук и овошје. Треба да консумираат различен вид зеленчук и овошје, а тие може да бидат свежи, замрзнати, конзервирани или сушени.

Цели житарки. Како што е леб од цели зрна, тестенини од цели зрна, овес, јачмен, кафеав ориз и киноа.

Протеинска храна. Како што се јаткасти плодови и семки, тофу, леќа, грав. Во зависност од типот на вегетаријанец што е детето, протеинската храна може да вклучува и јајца, млеко, јогурт, сирење.

vegetarijanski-nachin-na-ishrana-kaj-decata-dali-e-bezbeden-i-na-shto-osobeno-treba-da-se-obrne-vnimanie-03.jpg

Хранливи материи на кои треба да се обрне внимание при следење вегетаријанска исхрана

Добро испланираната вегетаријанска исхрана за децата значи да се посвети внимание на некои важни хранливи материи:

Протеини, железо, цинк и витамин Б12: Производи од соја, млеко, сирење, јогурт, јајца, грав, грашок, леќа, јаткасти плодови, семиња и путер од јаткасти плодови.

Железо: Житарки збогатени со железо, грав, грашок и леќа, сушено овошје, киноа, темно лиснат зеленчук.

Цинк: Леќа, јаткасти плодови и семиња, цели житарки.

Витамин Б12: Млечни производи како млеко и јогурт, јајца, производи од соја, суплементи.

Добро испланираната вегетаријанска исхрана може да биде вкусна, богата со хранливи материи и здрава, но, кога станува збор за децата, треба да се обрне посебно внимание со цел да бидете сигурни дека имаат добро балансирани оброци.

Совети кои ќе ви помогнат добро да ги планирате оброците на вашите деца:

- Вклучете што е можно повеќе протеини од растително потекло

- Ако е безбедно за вашето дете, во исхраната вклучете путер од кикиритки

- Железото е клучно, па изберете храна богата со железо, како темно лиснат зеленчук или брокула

- Комбинирајте го железото со витамин Ц, кој ја подобрува апсорпцијата на железо

- Понудете свежо цедени овошни сокови

- За ужинка понудете млечни производи. Јогуртот и сирењето се богати со калциум и протеини, важни за здравјето на коските

- Консултирајте се со вашиот лекар за додавање суплементи во исхраната

- Понудете млеко, но бидете внимателни да не го нарушите главниот оброк, а избегнувајте давање млеко во периодот кога се консумира храната богата со железо

vegetarijanski-nachin-na-ishrana-kaj-decata-dali-e-bezbeden-i-na-shto-osobeno-treba-da-se-obrne-vnimanie-04.jpg

Малите деца и онака (најчесто) се предизвик кога станува збор за јадењето. Како што растат и почнувате со дохрана, треба да нудите храна богата со железо, вклучително и житарки збогатени со железо.

Малите деца кои следат вегетаријанска исхрана, многу често може да се чувствуваат заситени пред да добијат доволно калории и хранливи материи што им се потребни, тоа е затоа што количината на послужена храна може да биде преголема за нивните мали стомаци.

Затоа, користете го времето за ужина за да понудите здрава храна помеѓу оброците.

Доколку сте се одлучиле на ваков начин на исхрана, разговарајте со вашиот лекар за да видите дали ќе му треба дополнителни витамини или минерали во секојдневието на вашето дете.

vegetarijanski-nachin-na-ishrana-kaj-decata-dali-e-bezbeden-i-na-shto-osobeno-treba-da-se-obrne-vnimanie-05.jpg

Идеи за оброк за децата кои следат вегетаријанска исхрана

Како што веќе споменавме, детето кое следи вегетаријанска исхрана треба да има добро испланирани и избалансирани оброци во текот на еден ден со кои ќе се осигурите дека внесува сè што му е потребно за правилен раст и развој.

Во продолжение погледнете неколку идеи кои се корисни за децата кои следат вегетаријански начин на исхрана:

Појадок:

  • Житарици богати со железо, млеко и исечкано овошје.
  • Двопек со путер и сирење, двопек со путер од јаткасти плодови
  • Омлет

Ручек

  • Леќа, грав, грашок со свежа салата
  • Тестенини со сос од авокадо
  • Фалафел ќофтиња

Вечера

  • Омлет со домати и печурки и свежа салата
  • Сендвич со ајдамер и салата
  • Крем супа со домати, компири, морков, печурки

vegetarijanski-nachin-na-ishrana-kaj-decata-dali-e-bezbeden-i-na-shto-osobeno-treba-da-se-obrne-vnimanie-06.jpg

Какви и да се причините за вашето дете да следи вегетаријански начин на исхрана, секогаш треба да се консултирате со вашиот педијатар пред да преземете нешто во свои раце.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg