Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие)
Носење памучни чорапи
Специјалистите за стапала велат дека памучните чорапи ја задржуваат влагата, па поради тоа го зголемуваат ризикот од плускавци, па и габични инфекции.
Одење во непроверени салони за педикир
Ако козметичарите не користат стерилни уреди, лесно може да ве заразат со некаква инфекција.
Па, никогаш не одете во непроверени салони ни за педикир, ни за маникир.
Третирање инфекции во домашни услови
Дури и ако станува збор за многу мала и инфекција, препорачливо е да се консултирате со дерматолог.
Вие самите не можете да утврдите за што станува збор и некогаш користењето погрешни лекови, кремови и масти може да ја влоши ситуацијата.
Исто така, не е препорачливо ни да ги игнорирате инфекциите на стапалата кои со текот на времето сигурно ќе се влошат.
Не ги стегнувате врвките од патиките
Ако ви се разлабават врвките од патиките, немојте да ги носите така биејќи стапалата ја губат целата поддршка.
Ова, пак, може да доведе до болка, па и повреди бидејќи не сте доволно стабилни.
Спирова С. | Црнобело