Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете?

Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното јадење може да стане начин за справување со емоционални проблеми или стресни ситуации и доста често води до дебелеење.

sindrom-na-nokjno-jadene-shto-go-predizvikuva-i-kako-se-lekuva-01.jpg

Сигурно секој барем еднаш во животот се разбудил среде ноќ за нешто да јаде. 

Ноќната „прошетка“ до фрижидерот може да биде предизвикана од досада, но и од стрес, како и од чувството дека нема да може да заспиете ако не изедете нешто.

Но, ако ноќното јадење премине во навика, може да имате синдром на ноќно јадење.

Што е синдром на ноќно јадење?

Синдромот на ноќно јадење е нарушување во исхраната кое често оди рака под рака со несоницата, го нарушува сонот и предизвикува желба за храна доцна во ноќта. 

Луѓето кои страдаат од овој синдром често се соочуваат со потребата да станат среде ноќ за да ја задоволат својата глад, а оваа навика е многу тешко да се спречи или контролира.

Синдромот на ноќно јадење може негативно да влијае врз квалитетот на животот, предизвикувајќи тешкотии во одржувањето на здрава телесна тежина и зголемувајќи го ризикот од сериозни здравствени проблеми, како дијабетес и висок крвен притисок.

Еден од сто луѓе страда од синдром на ноќна исхрана, а исто така е вообичаен кај луѓе кои страдаат од депресија и анксиозност, луѓе кои често прекумерно консумираат алкохол и други опијати, како и кај оние со други нарушувања во исхраната, како што се булимија, анорексија или прејадување.

sindrom-na-nokjno-jadene-shto-go-predizvikuva-i-kako-se-lekuva-03.jpg

Симптоми на синдром на ноќно јадење 

Иако тие варираат од личност до личност, ова се најчестите симптоми на синдромот на ноќно јадење:

Ноќно прејадување: луѓето кои страдаат од овој синдром јадат големи количини храна навечер.

Несоница: синдромот на ноќно јадење може да вклучува тешкотии при заспивање поради потребата за храна, будење во текот на ноќта или немирен сон. 

Намален апетит наутро или во текот на денот.

Чувство на непријатност или вина: по јадењето доцна навечер, луѓето кои страдаат од овој синдром често чувствуваат непријатност, вина или срам поради нивното однесување

Чувство на замор и поспаност.

sindrom-na-nokjno-jadene-shto-go-predizvikuva-i-kako-se-lekuva-05.jpg

Што предизвикува синдром на ноќно јадење?

Точните причини за синдромот на ноќно јадење не се целосно разјаснети, но се претпоставува дека различни фактори можат да придонесат за развој на ова нарушување во исхраната.

Постојат неколку фактори:

Биолошки фактори: неусогласеност на невротрансмитерите во мозокот, како што се серотонинот и мелатонинот.

Генетски фактори: доколку некој од семејството страдал од синдром на ноќно јадење, постои можност истиот да се пренесе.

Психолошки фактори: депресија, анксиозност и други нарушувања на расположението може да бидат поврзани со ноќното јадење. 

Лоши животни навики: нередовните оброци во текот на денот и недоволното спиење може да придонесат за нарушувања во регулацијата на апетитот.

sindrom-na-nokjno-jadene-shto-go-predizvikuva-i-kako-se-lekuva-06.jpg

Како се дијагностицира и лекува синдромот на ноќно јадење?

Дијагнозата на синдромот на ноќно јадење ја поставува квалификуван здравствен работник - општ лекар или психијатар. 

Лекувањето на синдромот на ноќно јадење обично вклучува комбинација од терапевтски пристапи и промени во животниот стил.

Начини за лекување на синдромот на ноќна исхрана:

Терапија со разговор: терапијата со разговор, како што е когнитивната бихевиорална терапија, може да биде корисна во решавањето на емоционалните фактори кои придонесуваат за појава на овој синдром.

Промени во исхраната: правилното планирање на оброците во текот на денот, вклучувајќи рамномерна распределба на калории и хранливи материи, може да помогне да се намали потребата за ноќно јадење.

Промени во животниот стил: ова подразбира редовно вежбање, контролирање на стресот, применување на техники за релаксација и воспоставување на ред за спиење.

Лекови: во некои случаи, лекарот може да препорача одредени лекови како што се антидепресиви или апчиња за спиење за да помогнат во контролата на симптомите на овој синдром.

Поддршка и едукација: едукацијата за синдромот на ноќно јадење и поддршката од семејството и пријателите може да бидат клучни за успешно лекување.

sindrom-na-nokjno-jadene-shto-go-predizvikuva-i-kako-se-lekuva-09.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com, pexels.com

Би можело да ве интересира:

Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg