Опуштено стомаче, несовршено лице – Жената која одбива да се покори на стандардите за убавина: „Се сакам каква што сум“
- Детали
- недела, 12 февруари 2023
Позира гордо во бикини со вишок килограми, не се срами од опуштеното стомаче, облините и топчестото лице, објавува фотки без филтер со несовршена кожа, отворено зборува за борбата со менталното здравје – Селена Гомез е жената која одбива да се покори на стандардите за убавина и водење лажен живот и покрај тоа што има светска слава.
Селена Гомез во своите 30 години живот водеше многу битки со здравјето, како физичкото, така и со менталното, а секојпат беше брутално искрена со јавноста и фановите, со цел да ја поткрене свеста за своите состојби.
Таа одамна откри дека се бори со автоимуното заболување лупус, поминала низ хемотерапија, а откако во 2019 ѝ беше трансплантиран бубрег, се соочи со низа проблеми со менталното здравје за кои јавно говореше.
Прочитајте и 10 факти за тешкотиите на Селена Гомез со менталното здравје
На тоа дополнително влијаеше и славата со која се справува од најмлада возраст, како и турбулентната врска со Џастин Бибер, што беше будно следена од окото на јавноста, а во еден период се лечеше и од депресија.
Неодамна пејачката изјави дека размислувала за самоубиство, слушала гласови, секое утро плачела од болка и поминувала низ многу тешки периоди, а тоа што ѝ помогнало е откажувањето од социјалните мрежи и токсичната средина, иако некогаш беше една од најследените личности.
Прочитајте повеќе: Искрена исповед на Селена Гомез: „Што ми помогна да си ги решам проблемите со менталното здравје?“
По надминувањето на тешкотиите, таа се врати на социјалните мрежи, но во ново издание – сега веќе не објавува лажен гламур, туку дозволува да ѕирнеме како изгледа во секојдневието, без филтри и шминка и без оптоварување што ќе кажат другите.
Иако честопати е мета на критики за изгледот, таа се сака каква што е и воопшто не се срами да се појави во бикини или аутфит кој ѝ ги истакнува облините, и покрај тоа што на неа има очекувани несовршености како вишок килограми, стрии или целулит, како и последици од лековите кои ги прима за заболувањата.
„Искрено не ми е грижа за мојата тежина, бидејќи луѓето ќе плукаат и критикуваат секако. Премногу сте слаби. Премногу сте големи. Секако не се вклопувате. Совршена сум каква што сум и се сакам“ – одговори на критиките во една прилика на ТикТок.
После секоја критика, таа како да се враќа посилна и одново докажува дека се гордее со своите облини и несовршености на телото, докажувајќи дека не секој може и мора да биде совршен во секој момент од животот.
Прочитајте и „Тоа ми е од лековите“ – Селена Гомез стана мета на критики, откако објави видео во кое видно ѝ се тресат рацете
Фотки од Селена Гомез од изминатиот период, кои се доказ дека ништо не е посилно од нејзината љубов кон себе:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





