Селена Гомез се пријави во клиника за психолошки нарушувања и доби голема поддршка
- Детали
- петок, 12 октомври 2018
Селена Гомез неодамна се подложи на операција за пресадување на бубрег, а после тоа, нејзиното здравје е навистина нежно и често се разболува.
Пејачката во последниот месец била двапати хоспитализирана, поради ниско ниво на бели крвни клетки, една од најчестите појави по трансплантација на бубрег. Но, ваквата ситуација предизвикала панични напади кај Селена, а по некое време решила да се јави во клиника за психички болести.
Нејзе ѝ било повеќе од потребно да се ослободи од стравот и останатите емоционални проблеми, па затоа морала да побара помош.
Во вакви ситуации, најдобро е да знае дека ја има поддршката од блиските и од колегите. Па така, раперката Карди Би ја даде својата поддршка преку Инстаграм, поставувајќи фотографија од Селена на „Story“ со пораката „Ти си прекрасна“.
DJ Snake, со кој Селена и Карди Би ја снимија „Taki Taki“ исто така ја искажа својата поддршка преку „Story“.
Фан-профилот на Селена Гомез забележа дека Аријана Гранде лајкнала една од фотографиите на која ги има двете млади ѕвезди.
Желбите за подобрување на здравјето на Селена Гомез не изостануваат ниту од нејзините фанови.
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1050329577963352065&ref_url=https%3A%2F%2Fhollywoodlife.com%2F2018%2F10%2F11%2Fselena-gomez-emotional-breakdown-hospital-treatment-reaction%2F
За разлика од времето кога беше оперирана, засега, таа сè уште не добила поддршка од поранешното момче, Џастин Бибер, иако папараците го уловиле како плаче во автомобил со Хејли, неколку часа по веста, но дека причината е Селена, засега е само гласина.
Е. Д. | Црнобело