Искрена исповед на Селена Гомез: „Што ми помогна да си ги решам проблемите со менталното здравје?“

Биполарно растројство, кризни периоди во животот... Селена Гомез говори за сè и открива што ѝ е лек за менталните проблеми.

iskrena-ispoved-na-selena-gomez-shto-mi-pomogna-da-si-gi-resham-problemite-so-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Селена Гомез (29) е една од јавните личности кои отворено говорат за проблемите со менталното здравје.  

Таа дури отвори и компанија „Wondermind“, која ќе биде платформа за бесплатна помош на луѓето кои имаат проблеми со менталното здравје.

iskrena-ispoved-na-selena-gomez-shto-mi-pomogna-da-si-gi-resham-problemite-so-mentalnoto-zdravje-02.jpg

Ѕвездата отворено говори за тоа колку ѝ е на моменти тешко да живеее со биполарно растројство и сака своите искуства да ги пренесе и на другите за да им помогне.

Таа особено посочува на токсичноста на социјалните мрежи:

„Не сум на интернет повеќе од 4 години. Тоа го промени мојот живот комплетно. Посреќна сум. Поприсутна сум и поповрзана со повеќе луѓе. Тоа прави да се чувствувам нормално“, изјави Гомез во шоуто „Good Morning America“.

iskrena-ispoved-na-selena-gomez-shto-mi-pomogna-da-si-gi-resham-problemite-so-mentalnoto-zdravje-03.jpg

Во една пригода холивудската ѕвезда откри дека креирала систем на заштита од социјални мрежи, така што не си ги знае лозинките на профилите, чекор кој ѝ бил неопоходен за да се фокусира на себе.

„Не можам да верувам каде сум ментално само затоа што ги преземав неопходните чекори за да се оттргнам од средина која едностацвно не е нормална“.

iskrena-ispoved-na-selena-gomez-shto-mi-pomogna-da-si-gi-resham-problemite-so-mentalnoto-zdravje-04.jpeg

Гомез за првпат јавно проговори за дијагнозата биполарно растројство во април 2020 година, но вели дека напредувала оттогаш.

„Почнав да воспоставувам врска сама со себе и тоа е најдобрата работа што ја направив. Никогаш не сум била посреќна. Ние, како луѓе, сакаме да бидеме разбрани и видени и слушнати. И некогаш во ред е да не си во ред.

Имаше и уште има денови кога едноставно не ми се станува од кревет и мојата платформа ја основав токму за помош кога луѓето имаат такви денови“.

iskrena-ispoved-na-selena-gomez-shto-mi-pomogna-da-si-gi-resham-problemite-so-mentalnoto-zdravje-08.jpg

Гомез и во други пригоди говорела за проблемите со менталното здравје и за периодите кога со алкохол и забави мислела дека ќе си помогне, но го направила спротивното.

„Мојот лупус, трансплантацијата на бубрег, хемотерапијата, менталната болест, минувањето низ јавни љубовни разделби, сите тие работи искрено ме соборија. Секојпат кога ќе минев низ вакво нешто се прашував што уште ќе ми се случи наредно, со што друго ќе треба да се справам...? И потоа одлучив јас да помагам на други и тоа е тоа што вистински ме држи да одам напред.“

iskrena-ispoved-na-selena-gomez-shto-mi-pomogna-da-si-gi-resham-problemite-so-mentalnoto-zdravje-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
Селена Гомез се сврши со дечкото кој соработуваше со Џастин Бибер – зошто фановите го мразат? „Треба да го остави пред да ѝ го уништи животот“ – со вакви коментари фановите г...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg