„Размислував за самоубиство, слушав гласови, секое утро плачев од болка“: Селена Гомез отворено за бројните проблеми со здравјето

Во интервју за Rolling Stone, но и во нејзиниот нов документарец насловен My Mind & Me, Селена Гомез се отвори за проблемите со здравјето – дијагнозата за лупус, биполарното нарушување, како и најмрачниот период од животот кога дури размислувала и за самоубиство.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-01.jpg

Лупус е болест која може да има влијание врз секој орган во телото, а симптомите варираат од личност до личност. Некогаш симптомите можат да се повлечат на извесен период, за потоа повторно да се вратат.

Дел од симптомите се болки во мускулите и зглобовите, треска, осип, болка во градите, паѓање на косата, проблеми со бубрезите, екстремен замор…

Во новиот документарец на Селена Гомез има сцени од пејачката од периодот кога нејзините симптоми на лупус се влошуваат, поради што таа плаче.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-18.jpg

Пејачката вели дека битката со оваа автоимуна болест е една од најтешките во нејзиниот живот бидејќи чувствувала речиси неподнослива болка.

„Немав почувствувано симптоми. Сега само ме боли. Наутро, кога се будам, веднаш почнувам да плачам бидејќи сè ме боли“.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-09.jpg

Во една сцена, лекарот ѝ кажува на младата пејачка дека болката ѝ е предизвикана од лупус, но и од друго нарушување кое предизвикува болка и слабост во мускулите.

Потоа тој ѝ дава и лек што наводно треба да ѝ помогне со болките во зглобовите за околу една година.

„Секогаш се чувствувам добро кога ги знам одговорите, но ми беше многу тешко да го примам лекот последниот пат. Третманот трае четири, пет часа. На почетокот ви го оптоварува целиот систем, но во ред е“, вели Селена.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-08.jpg

Во документарецот има сцени каде што Селена прима и лек за релаксација бидејќи никако не можела да се смири.

Младата пејачка беше дијагностицирана со лупус во 2015 година и примаше терапија. Во 2017-та беше хоспитализирана бидејќи едниот бубрег престанал да ѝ работи поради болеста.

Пејачката имаше трансплантација на бубрег, а донор беше нејзината пријателка Франсија Раиса.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-10.jpg

Во новото интервју за Rolling Stone, Селена зборува за биполарното нарушување и открива дека поради лековите, најверојатно никогаш нема да може да има деца.

„Ова е многу големо нешто во мојот живот. Но, верувам дека еден ден треба да имам деца, и ќе имам“.

Таа вели и дека дознала за овој проблем во период кога нејзина пријателка пробувала да остане бремена. Поради ова, се чувствувала уште полошо.

Всушност, во документарецот има и сцена каде што Селена плаче во автомобилот по средба со пријателка.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-07.jpg

Пред да ја добие дијагнозата за биполарното нарушување, Селена имала психоза која ѝ предизвикувала суицидни мисли.

„Мислев дека светот ќе биде подобро место без мене“.

Сепак, пејачката истакнува дека никогаш не пробала да си го одземе животот, а во периодот кога ги имала овие мисли добила дијагноза за биполарно нарушување.

razmisluvav-za-samoubistvo-slushav-glasovi-sekoe-utro-plachev-od-bolka-selena-gomez-otvoreno-za-brojnite-problemi-so-zdravjeto-12.jpg

Таа била во четири здравствени установи обидувајќи се да си го среди менталното здравје.

„Ќе бидам многу отворена за ова – бев во четири установи. Мислам дека во раните 20-ти нештата стануваа многу мрачни.

Тогаш почнав да чувствувам дека немам контрола над моите чувства, без разлика дали беа многу добри или многу лоши“.

Пејачката имала драстични промени на расположението – од екстремна среќа, до ужасна депресија – кои некогаш траеле со недели, па дури и месеци. Уште полошо што никогаш не можела да ја најде причината за овие емоции.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Селена Гомез стана мета на критики затоа што си го „крие“ стомакот на настан - таа искрено им одгово... Селена Гомез искрено откри со каков здравствен проблем се соочува и изјави: „Не ...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg