„Размислував за самоубиство, слушав гласови, секое утро плачев од болка“: Селена Гомез отворено за бројните проблеми со здравјето
Поради биполарното нарушување, пејачката имала и проблеми со спиењето, па се случувало да не спие со денови.
Во миговите кога била депресивна поради нарушувањето, пејачката едвај станувала од кревет:
„Почнуваше со депресија, а потоа почнував да се изолирам. Потоа не можев да мрднам од креветот. Не сакав никој да зборува со мене.
Пријателите ми носеа храна бидејќи ме сакаа. Понекогаш со недели бев во кревет и дури и слегувањето до долниот кат ми беше премногу заморно“.
Селена смета дека постојат неколку фактори што имале влијание врз нејзиното ментално здравје – нејзината кариера, физичкото здравје, како и неостварените животни цели.
„Мислев дека ќе се омажам до 25 години. Бев уништена кога сфатив дека не сум ни приближно блиску до тоа – не можев да бидам подалеку. Може звучи глупаво, но навистина мислев дека ми се срушил целиот свет“.
Исто така, на Селена ѝ било тешко да ги споделува проблемите со нејзините пријатели кои не се познати личности, но и се чувствувала како да не припаѓа помеѓу пријателите кои се познати.
„Никогаш не се вклопував во група девојки кои се познати. Мојата единствена пријателка во индустријата е Тејлор Свифт, се чувствував како да не припаѓам таму. Мислев дека сите околу мене имаат исполнети животи.
Имав добра положба и бев среќна, но дали навистина? Дали овие материјални работи ме прават среќна? Не ми се допаѓаше личноста којашто сум бидејќи не знаев која сум“.
Во 2018 година, Селена почнала да слуша гласови, а поради ова добила напад на психоза, по што завршила во установа.
Пејачката вели дека речиси и да не се сеќава на овој период од животот, но знае дека неколку месеци чувствувала екстремна параноја. Лекарите ѝ давале секакви лекови со надеж дека нешто ќе помогне.
„Како повеќе да ме немаше. Немаше дел од мене кој е таму“.
Откако излегла од институцијата, пејачката нашла психијатар кој престанал ѝ ги препишува сите лекови, освен два.
„Навистина ми беше водич. Морав да направам детокс од сите лекови што ги пиев. Морав да научам како да се сетам на некои зборови. Заборавав каде сум среде разговор.
Беше тешко, најпрво, да прифатам дека сум биполарна и, второ, да научам како да се справам со тоа бидејќи знаев дека нема да си замине“.
Селена почна да го снима документарецот во 2016 година, но кога ѝ се влоши менталното здравје, режисерот одлучил дека не треба да продолжат со снимање.
Во 2019-та пејачката продолжи со снимањето и оттогаш досега се снимени некои од најранливите периоди од нејзиниот живот.
Всушност, дури и самиот режисер се двоумел дали да го сними сето тоа:
„Бев кај неа дома и таа почнуваше да плаче. И само ќе ѝ реков: ’Не знам дали да го снимам ова‘. Па таа ќе ми речеше дека морам да го снимам“.
И самата пејачка се двоумела дали да го објавува документарецот, но по првото тест-гледање, сфатила дека тоа е вистинскиот избор ако сака да ја зголеми свесноста за проблемите со коишто се соочува не само таа, туку и многу други луѓе.
„Си помислив дека ако документарецот има влијание врз една личност, сигурно ќе има влијание и врз многу повеќе“.
Во продолжение трејлерот за документарецот на Селена:
Спирова С. | Црнобело