„Родителите ме тепаа и немам трауми“ – Грешките на родителите што несвесно ги пренесуваме врз децата
Колкупати ви се случило да слушнете некој израз што го кажуваат вашите деца и да сфатите дека тој израз вие сте им го пренеле несвесно, затоа што и вие сте го слушале како дете? Така е и со траумите и со грешките. Децата не треба само да ги израснеме, туку да ги опсипеме со љубов.
„Моите родители ме тепаа кога бев дете и јас немам трауми“ – рече алкохоличарот, чијашто сопруга го пријавила за семејно насилство.
„Кога бев мал, моите постојано ме казнуваа и сега сум добро“ – вели човекот кој постојано се жали ако направи грешка;
„Кога бев дете, ако не бев послушна татко ми ме заклучуваше во собата и денес сум му благодарна за тоа“ – вели жената што страда од панични напади и се плаши од тесен простор;
„Моите родители ме тераа сосила да почнам да се занимавам со оваа професија за да заработувам многу пари и денес сум им бескрајно благодарен“ – вели човекот што не може да дочека да дојде петок затоа што си ја мрази работата;
„Кога бев мала, моите ме тераа да седам на масата сè додека не изедам сè“ – вели жената која се чуди зошто денес има проблеми со нарушувања во исхраната.
Време е да ги надминеме траумите што ни се пренесуваат со генерациите и да си ги сфатиме грешките.
Неопходно е да имаме повеќе разбирање за себе, но и за своите деца.
Детето учи да ги решава проблемите преку комуникација, ако и ние ги решаваме конфликтите на тој начин.
Ако проблемите ги решавате со закани и казни, и вашето дете ќе го прави истото еден ден.
Детето учи како да има разбирање за другите, ако и ние покажеме разбирање за него.
Не треба само да ги израснеме децата, треба да ги израснеме со љубов.