Колку е реалистична серијата Adolescence и како да ги заштите децата од опасна онлајн содржина, според психијатар?
Серијата Adolescence дава увид во содржината што ја гледаат децата онлајн и во погрешни вредности што ги стекнуваат од контроверзни инфлуенсери, но и порнографија. Психолог открива како да ја намалите штетата од ова, но и на што да обрнете внимание доколку имате дете.
Серијата Adolescence иако маестрална, сепак е и вознемирувачка бидејќи е инспирирана од реалноста, односно насилството меѓу тинејџерите кое изгледа како да зачестува насекаде во светот.
Главниот лик во серијата е 13-годишно момче кое е обвинето за убиство на девојка од неговото училиште.
Без да откриваме спојлери, во случај да не сте ја изгледале, серијата прикажува свет кој на возрасните и родителите во голема мера им е непознат.
Онлајн булингот, но и мизогинијата и таканаречената токсична машкост се дел од проблематичните работи на кои се изложени младите во модерното општество.
За Daily Mail, психијатарот д-р Макс Пембертон ги споделува своите гледишта за реалистичниот дел од серијата, а нуди и совети за родителите.
„Она што ја прави серијата важна е бидејќи ни покажува колку возрасните се несвесни за мрачниот свет кој младите момчиња лесно можат да го најдат.
Не е тешко да се разбере зошто младите момчиња се чувствуваат збунето кога се опкружени со конфликтни пораки за нивната улога во општеството.
Мажите ора да ги почитуваат жените, да се грижат за нив и да бидат добри, додека истовремено се бомбардирани со порнографија што го нормализира насилството“.
Психологот додава дека кога младите момчиња не добиваат доволно внимание од машката фигура во нивниот живот – таткото или друг машки член од семејството – тогаш го бараат тоа на друго место.
Или, во модерно време, на интернет.
„Младите мажи бараат пример за мажественост, некогаш кај луѓе како контроверзниот лик Ендру Тејт. Важно е да разбереме од каде потекнува ова.
Адолесценцијата е тежок период. Хормоните се како луди, на момчињата им изгледа како да немаат контрола над нивното тело, несигурни се кои се, што сакаат и каде припаѓаат во овој свет.
Но, има и екстра фактор – реалноста е дека младите момчиња полесно веруваат на радикални мислења бидејќи нивниот мозок уште се развива“.
Докторот вели дека со недоволно развиен префронтален кортекс, тинејџерите сфаќаат кога некое однесување е опасно или погрешно, но сепак не го разбираат до тој степен како возрасна личност.
„Иако ова се однесува и на момчиња и на девојчиња, истражувањата покажуваат дека, во просек, машкиот мозок се развива побавно, особено префронатлниот кортекс“.
Како да ги заштитите вашите деца, според психијатарот?
Едуцирајте се
„Сигурно мислите дека ги разбирате младите луѓе или дека ви е јасна нивната култура. Дефинитивно, ова не е точно.
Родителите не можат да забележат ако има некој проблем доколку не ја разбираат комплексната поткултура на младите што постои“, вели д-р Пембертон.
Тој истакнува дека за да ги разберете тинејџерите, треба да ги знаете зборовите што ги користат, дури и значењето на емотиконите што си ги праќаат.
Докторот советува вие да почнете да ги гледате содржините кои се популарни меѓу младите, како видеата и поткастите на Ендру Тејт, за сами да бидете свесни на што се изложени.
Исто така, поттикнувајте разговор со децата на овие теми и доколу сметате дека гледаат штетна содржина, едуцирајте ги и помогнете им да го сфатат тоа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





